Искрени честитки за Бесир Алили, за БК Лирија - Скопје и за Федерацијата за боречки спортови на Македонија и нејзиното раководство.

Објавил: Перо Милчин | 22 јуни, 2019 22:11

Македонскиот борач Бесир Алили е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО БОРЕЊЕ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

БЕСИР АЛИЛИ ЕВРОПСКИ ПРВАК ВО БОРЕЊЕ (СЛОБОДЕН СТИЛ – 48 кгр)

Македонскиот борач Бесир Алили е Европски првак во борење (слободен стил), категорија 48 кгр!

Тој во финалето го победи Харутун Ховханисјан од Ерменија со резултат 7:6 и го освои златниот медал на ова Европско првенство до 17 години.

МАЕСТРАЛНИОТ БЕСИР АЛИЛИ ЕВРОПСКИ ПРВАК ВО БОРЕЊЕ (СЛОБОДЕН СТИЛ – 48 кгр.)

Иако кон крајот на првата рунда Харутун Ховханисјан водел со 5:0, сепак Бесир Алили, со манири на искусен борач направил пресврт и повел со 7:5 и сосема смирено го држел под контрола резултатот до крајот на борбата.

Со сигурност се тврди дека ако продолжи со ваква квалитетна и напорна работа, во Бесир Алили ќе го имаме идниот сениорски Европски и Светски првак.

Искрени честитки за Бесир Алили, за БК Лирија – Скопје и за Федерацијата за боречки спортови на Македонија и нејзиното раководство.

На нашиот млад борец му се предвидува голема и светла кариера, а својот квалитет и потенцијал, го докажа токму денеска со освојувањето на златниот медал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Форбс веќе 30 години ги следи заработените пари на фудбалерите од играње и реклами, па затоа уредно ги бележи.

ВРТОГЛАВИ СУМИ: Форбс ја објави најновата листа на најбогати спортисти во светот!

Форбс објави најнова листа со најбогати спортисти во светот. На првото место се најде...

Европскиот кадетски шампион во борење, Бесир Алили вечерва се врати во Скопје. Oпштина Чаир и Боречкиот клуб „Лирија“ организираа свечен пречек за шампионот Алили.

Шампионот дојде во Скопје – голем дочек за Бесир Алили!

Македонскиот шампион Алили беше пречекан од голем број граѓани во Плоштадот Скендербег...

Македонскиот воин Даниел Стефановски доцна синоќа го совлада Јану да Круз на настанот Гладијаторс најтс во Цирих, Швајцарија.

МАКЕДОНСКИОТ ГЛАДИЈАТОР Даниел Стефановски освои нова СВЕТСКА БОКС ТИТУЛА- Круз падна на колена!

Македонскиот терминатор Даниел Стефаноски доцна синоќа освои трета светска титула...