-Се направија кадровски промени на сите дисциплински комисии и тоа повторни без дијалог.

Објавил: Стојче Бушин | 31 мај, 2020 20:35

Македонскиот полициски синдикат бара да престанат политичките борби во МВР

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонскиот полициски синдикат денеска преку соопштение побара да престанат политичките борби кои одат на штета на Министерството за внатрешни работи и на довербата што граѓаните ја имаат во оваа институција. Тие велат дека се направија кадровски промени на сите дисциплински комисии и тоа повторни без дијалог.

Изминативе месеци поминавме тежок и напорен период во кој се поставивме единствено во интерес на граѓаните и државата, онака како што доликува на припадници на Министерството за внатрешни работи. За жал борбата со КОВИД – 19 се уште не е завршена и нашата задача не е исполнета. Свесни сте дека во овој период на техничка Влада се соочивме со многу невообичаени и несекојдневни ситуации.
 
Добро се сеќаваме на кризните ситуации кои за малку што не ескалираа а беа предизвикани од инсистирањето по секоја цена да се направат кадровски промени во министерството. Со наша помош и залагање ова се реши, се вели во соопштението.

-Се направија кадровски промени на сите дисциплински комисии и тоа повторни без дијалог.

Советници кои не припаѓаат на Бирото за јавна безбедност и се дел од политичките кабинети се појавуваат во организациски единици за кои не се надлежни и тоа создава збунетост кај вас. Токму во овие моменти на политички борби вие имате обврска да се издигнете над политиката и да не дозволите партиски влијанија да ве водат. Да не дозволиме оваа „техничка” ситуација во Министерството да ги наруши капацитетите и довербата која граѓаните ја имаат во македонската полиција, реагира Македонскиот полициски синдикат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, ќе трае до 21 часот на 15 јули

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите...

Вашиот глас ги менува работите. Со негласање им давате право на оние кои ве разочарале да продолжат тоа да го прават. Вашиот глас, пак, ни дава шанса нам, новата генерација политичари, политичари без хипотеки, да ги менуваме работите. Нам ни треба држава и власт која ќе ви служи вам.

Писмо од Мицкоски: Мојот сон е Македонија земја на среќни луѓе, на горда историја и наследство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на последниот ден од изборната кампања напиша...

Очекува гласањето и 15 јули да поминат мирно и достоинствено и оти нашите граѓани ќе покажат високо ниво на политичка свест и култура. Ги повика граѓаните да излезат и да гласаат и да бидат сигурни дека се здравствено заштитени.

Дерковски: Ги повикувам граѓаните да излезат и да гласаат – здравствено ќе бидат заштитени

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски на два дена пред почетокот...