
Живот
Настани
Во програмата Светски филм за документарци на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс, Македонскиот документарен филм „Медена земја“, во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, ја доби Главната награда од жирито.
Во Парк Сити, Јута, денеска на затворањето на 38. издание на фестивалот македонскиот филм доби уште две награди: Котевска и Стефанов ја примија специјалната награда од жирито, а снимателите Фејми Даут и Самир Љума – Специјална награда за камера.
Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Авторката пишува дека станува збор за дебитантски документарец на Стефанов и Котеска, со незаборавен поглед на една убава традиција.

„Што друго да се каже? Нашата мала земја е навистина желна да ја испрати оваа порака до Владата: ве молиме да го исчистите воздухот во најзагадената земја на светот“, рече продуцентот Атанас Георгиев при примањето на Главната награда на фестивалот, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд.
Продукцијата е на „Аполо медија“ на Стефанов и на „Трајс филмс“ на Атанас Георгиев. Музиката во филмот ја направи групата „Фолтин“. Екипата ја најавува премиерата во Скопје за почетокот на март. Од продукцијата велат дека на официјалната веб-страница на филмот honeyland.earth е поставен линк за донација за децата од „Медена земја“.

Елитните филмски медиуми „Скрин интернешнал“, „Холивуд рипортер“ и „Индиваер“ објавија позитивни рецензии за македонскиот документарен филм „Медена земја“, во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. Премиерата беше овие денови на најголемиот американски фестивал на независен филм Санденс, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.