Како што наведе во продолжение, негативен ПЦР тест за влез во Србија не им е потребен на државјани на Мини Шенген – Северна Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија!

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 април, 2021 12:41

Македонските државјани можат да патуваат во Србија без ПЦР тест

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денес изјави дека не е точна информацијата дека е  одлучено граѓаните на Србија, кога се враќаат од Црна Гора, Албанија, Бугарија, БиХ, Северна Македонија и Унгарија, да направат  ПЦР тест и истакна дека режимот за влез во Србија не е променет.

“Веста не е точна, ние не го сменивме режимот на влез во Србија, така што нашиот народ секогаш може да се врати во својата земја,. Оние кои биле вакцинирани или ревакцинирани, можат да влезат без потврда за негативен тест за ПЦР, само треба да ја покажат потврдата за ревакцинација “, рече Брнабиќ на ТВ Прва.

Како што наведе во продолжение, негативен ПЦР тест за влез во Србија не им е потребен на државјани на Мини Шенген – Северна Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија!

„Тоа е така затоа што има голем број граѓани кои циркулираат преку границата и со цел да им се олеснат бизнисот и животот“, рече Брнабиќ и посочи дека граѓаните на овие земји не подлежат на мерка изолација.

Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња – на Македонија и испративме 8.000 вакцини на Фајзер и 40.000 вакцини Спутник В, што е за 24.000 граѓани, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на ТВ Прва.

Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе не зближи во иднина“.

-Народот од тие земји ја гледа таа подадена рака. Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Според него, 200 реакции се однесувале на вакцината „Фајзер“, 224 на „Синофарм“, 118 на руската, а во два случаи не било дефинирано која вакцина била аплицирана.

ВО СРБИЈА 626 СЛУЧАИ НА НЕСАКАНИ РЕАКЦИИ ПО ВАКЦИНАЦИЈАТА

Во Србија пријавени се вкупно 626 случаи на несакани реакции по вакцинацијата против...

Според српските медиуми деталите од убиствата се толку монструозни, како да ги извршувале по примерот на касапите од Исламската држава.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Прикажани обезглавени тела со траги на тортура и малтретирање, дело на групата на Беливук

По седницата на Советот за национална безбедност, претседателот на Србија, Александар...

Крајниот рок за доставување понуди за испорака на вакви возови е 15 март.

ЧУДО ТЕХНИКА СТИГНУВА НА СРПСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ: Новите возови ќе имаат минимум 300 места, подно греење и ќе возат до 200 км на час

Министерството за транспорт и инфраструктура објави јавна набавка на електричен воз. Тоа...