Тој рече дека на исходот од овој меч не гледа како на реми, туку како на освоени три бода на двата дуели против квалитетниот противник.

Објавил: Сара Фемина | 16 април, 2019 23:22

Македонските ракометари во борба против Грција и Турција за Европско првенство!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонската машка ракометна репрезентација оди на завршниот турнир на Европското првенство (ЕП) 2020 година, кое ќе се игра во три земји, Австрија, Норвешка и Шведска.

Македонските шампиони во ракомет го завршија натпреварот со Исланд (24-24) во реванш-мечот од четвртото квалификациско коло, група 3. Со петте бодови ракометарите обезбедија пласман меѓу најдобрите 24 селекции на Европското Првенство.

Селекторот на Македонија, Даниело Брестовац изјави дека се одигра уште еден тежок натпревар, во во кој благодарение на самодовербата и борбеноста, се успеа да се анулираме негативата и ракометарите да се вратат во игра. Тој рече дека на исходот од овој меч не гледа како на реми, туку како на освоени три бода на двата дуели против квалитетниот противник.

По четирите одиграни натпревари најефикасен во македонскиот национален тим е капитенот Кирил Лазаров со 30 гола, втор стрелец во квалификациите, зад швајцарскиот централен бек, Енди Шмид, кој има дадено 33 гола. Трет со ист број голови како и Лазаров е левото крило на Германија, Уве Генсхалмер. Втор стрелец во македонскиот состав е левото крило Дејан Манасков со 22, а трет Филип Талески со 19 гола.

Мислам дека веќе сме пласирани на ЕП, но наша амбиција сега е првото место во групата и победи во двата преостанати дуели со Турција и Грција, кое ни носи подобра позиција за ждрепката за ЕП – изјави селекторот на Македонија, Данило Брестовац

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) направи промена со селекторот и Раул Гонзалес го замени искусниот Данило Брестовац. Под негова контрола македонската репрезентација се препороди затоа што тој внесе нова енергија и тактика во тимот.

На 12 и 16 јуни, Македонија ќе заигра со Турција и Грција, а со победи над Турција на гости и над Грција на домашен терен би го освоила првото место во групата кое носи место во вториот барабан за ждрепката за ЕП. 

Пласман на ЕП 2020 преку квалификациите ќе обезбедат двете првопласирани тимови од секоја група и четирите третопласирани тимови, заедно со тој што ќе ја брани титулата, Шпанија и домаќините Австрија, Норвешка и Шведска.

Подмладувањето на составот на македонските ракометари, дефинитивно беше еден од главните адути на Брестовац во оваа трка на натпреварите, со оглед на тоа дека тој најдобро ги познава сите играчи од младинскиот состав на Македонија, кои ги водеше на последните ЕХФ шампионати во Скопје (младинците), односно во Грузија (кадетите).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Целата јавност реагираше на ваквото соопштение на Самсоненко дека ќе го напушти клубот а Тимур Дибиров открива како тие реагирале на неговата оставка.

ВИДЕО: Дибиров прозборе за Самсоненко- еве како вардарци реагирале кога им соопштил дека ќе ги напушти

Македонскиот шампион во ракомет РК Вардар, веќе застанува на нозе откако беше соопштено...

Денеска во јавноста излезе веста дека наводно бизнисменот Хари Костов влегува во ракометниот првак и го презема управувањето со РК Вардар, но ова се неофицијални информации до кој дојде порталот Скопје Инфо од извори во клубот.

Конечно е откриено кој ќе биде нов сопственик на РК Вардар

Откако првиот човек на РК Вардар, Сергеј Самсоненко изјави дека дава оставка, се шпекулираше...

Имено станува збор за најнова вест, дека договорена е соработка на повеќе компании и бизнисмени, кои во иднина ќе бидат дел од македонскиот ракометен бренд кој беше европски првак, и за среќа во целата акција се вклучија домашните моќници.

Радосна вест за фановите на Вардар- Сергеј Самсоненко останува во клубот

Иако пред извесно време беше објавено дека првиот човек на Ракометниот клуб Вардар...

Покрај Вардар, во полуфиналето ќе играат и унгарски Веспрем, шпанската Барселона и полскиот првак Килце. Завршниот фајнал-фор во Келн ќе се одржи на 1 и 2 јуни. `

ОЈ ВАРДАРЕ МАКЕДОНСКИ ТИ ЈА КРАСИШ МАКЕДОНИЈА – Одиме во Келн по нова Европска титула !

Македонскиот првак Вардар загуби од ПИК Сегед со 29:25, но ја сочува предност од првиот...