Дејан Манасков е херојот на натпреварот, кој откако не успеа да го реализира ударот од седум метри, ја собра одбиената топка и ја смести во голот на Исланд, за победа на Македонија.

Објавил: Сара Фемина | 11 април, 2019 0:08

Колку повеќе не “НЕГИРААТ” толку повеќе сме посилни, МАКЕДОНИЈА го „СМАЧКА” Исланд !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Машката сениорска репрезентација на Македонија со 33:34 (17:17) се враќа со победа од гостувањето кај Исланд во првиот меѓусебен меч во второто коло од квалификацискиот циклус за ЕП 2020 година.

Македонија вечерва се радува на победата која ја издвојува од гостувањето кај Исланд, во првиот меѓусебен меч.

Дејан Манасков беше херојот на вечерашниот натпревар, кој откако не успеа да го реализира ударот од седум метри, ја зеде одбиената топка и ја смести во голот на Исланд, за победа на Македонија.

Манасков ја продолжи серијата од линијата седум метри, се надоврза и Лазаров за ново изедначување, 22:22. Крилото ни донесе прво водство од 24:26 во средината на вториот дел, но Палмарсон и Гудмундсон се вратија на 26:26 за вистинска драма до крајот.

Цели пет ипол минути Македонската ракометна екипа беше без погодок, но потоа Манасков од седмерец за момент ја запре серијата на Палмарсон (3:1).

Нашите ракометари ја корегираа одбраната, Кукоски и Н. Маркоски внесоа дополнителна сигурност и ракометарите предводени од Гоце Георгиевски (два гола и една украдена топка) и со серија од 0-4 од негатива од 12:9, дојде до водство од 12:13.

Имавме и водство со 13:14, а со погодокот на капитенот Кирил Лазаров од контра имавме егал, 17:17, по првите 30 минути во Рејкјавик.

Стојанче Стоилов со два гола во низа не држеше изедначено, 19:19, односно 20:20 по погодокот на Манасков од пенал, но исклучувањето на пикерот остави простор Гунарсон да донесе ново водство од два гола, 22:20.

Вториот натпревар меѓу Македонија и Исланд се игра во недела, 20 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вардарци успеаа во целта и го совладаат Пик Сегед со 31-23 и го трасираа патот кон третото учество на Ф4-турнирот во Келн.

Вардаровото срце не издржа – јунаците славеа и пуштија солзи на разделбата со Скопје!

Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва го покажа македонскиот непокор. Со срце...

Со резултат 31:23 вечерва Вардар ги совлада Унгарците и со оваа фантастична победа Вардар е на чекор до уште еден Ф4 турнир кој ќе се заигра во Келн, Германија.

ВАРДАР ГО ОСТАВИ СРЦЕТО НА ТЕРЕН ЗА МАКЕДОНИЈА- Сегед срушен од македонските шампиони !

Вардарци го совладаа Пик Сегед со 31-23 и зедоа учество на Ф4-турнирот во Келн. Вечерва...

Тој рече дека на исходот од овој меч не гледа како на реми, туку како на освоени три бода на двата дуели против квалитетниот противник.

Македонските ракометари во борба против Грција и Турција за Европско првенство!

Македонската машка ракометна репрезентација оди на завршниот турнир на Европското...