
Македонија
Вести
Околу 20 семејства од Македонија кои живеат и работат во Малта, од септември годинава живеат во агонија и страв. Станува збор за законските измени во Малта за семејства кои потекнуваат од трети земји, држави надвор од ЕУ. Според овој закон семејствата кои работат во Малта треба да заработуваат 19 000 евра годишно, плус по 3.800 евра за секое дете, во спротивно може да дојде до депортирање.

Дури 20 семејства од Македонија стравуваат нивните деца да не бидат депортирани во Македонија порати тоа што тие не го заработуваат овој законски минимум.
Сител успеа да контактира и македонски семејства во Малта, кои во телефонски разговор за сведочат и за првите проблеми со кои веќе се соочуваат.
Филевски вели дека сите македонски семејства во Малта работат со легални дозволи и зарабитуваат над законскиот минимум, но проблемот настанува што во оваа сума не се вклучуваат бонусите или прекувремената работа.
Како што објави Сител, оние македонски семејтва кои работат и живеат во Малта се обратиле за помош во македонската амбасада во Рим.
Со ваков проблем се соочуваат и државјаните на Србија и Босна.
Македонското министерство за надворешни работи истакна дека веќе оствариле контакт со вршителот на работи во амбасадата на Малта во Рим, од каде добиле одгвоор дека се работи за регулатива на Европската унија која се применува кон сите земји кои не се членки на унијата. Сепак посочуваат дека надлежните бараат законски осонови по кои овој проблем може да биде решен.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.