Исто така, сигурно Начевски и Николов ќе добијат место и за Олимписките игри во Токио, каде што ќе ја делат правдата на натпреварите.

Објавил: Весна Петровска | 23 јануари, 2020 21:47

Македонските судии Начевски и Николов ќе го судат финалето на ЕВРО 2020!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија честа да го судат финалето на ракометното Европското првенство (ЕП) в недела од 16.30 часот, објави Спорт

ЕХФ уште еднаш ги награди Начевски и Николов за квалитетното судење во досегашните натпревари и поради тоа тие се една од најдобрите судиски двојки во Европа.

Најдобрите македонски судии досега имаат судено едно финале, но тоа беше на Светско првенство за младинци, па ова ќе им биде прво финале во сениорска конкуренција.

Исто така, сигурно Начевски и Николов ќе добијат место и за Олимписките игри во Токио, каде што ќе ја делат правдата на натпреварите.

Инаку на Европското првенство  во ракомет денеска затишје пред утрешната пресметка во полуфиналните дуели во кои пласман обезбедија селекциите на Норвешка, Шпанија, Хрватска и Словенија.

Последното коло во втората фаза не донесе поголеми возбудувања за што пред се се погрижи селекцијата на Португалија која ја изненади Унгарија си со победа и овозможи на Словенија безгрижно да го одигра натпреварот со Норвешка и со пораз да се пласира меѓу четирите најдобри селекции на стариот континент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...

Ова ќе значи и прекин на групата Б во следните 15 дена, а се очекува во следниве денови да бидат тестирани и ракометари на екипи, кои во изминатиот период играа натпревари против Работнички.

Шеснаесет ракометари на Работнички заразени со корона

Вкупно 16 ракометари се заразени со ковид-19 во редовите на Работнички. Сите се наоѓаат...