Македонските универзитети и годинава не се рангирани на Шангајската листа на најдобри универзитети во светот.
На листата на Академско рангирање на светски универзитети за 2018 година објавена денеска се наоѓаат илјада универзитети.
На прво место 16-та година по ред е Универзитетот Харвард на второ Станфорд од САД а на трето британскиот Универзитет Кембриџ.
Следните десет најдобри универзитети се МИТ – Беркли – Принстон – Оксфорд – Колумбија – Калтеч и Чикаго.
Универзитетот Цирих кој е на 19-то место останува да биде најдобро рангиран во Европа а Копенхашкиот универзитет е второ место односно на 29-ти на Шангајската листа.
На трето место во Европа е Универзитетот Сорбона кој е 36-ти на листата најдобро рангирани високообразовни институции.
Од земјите во регионот најдобро рангирани се универзитетите во Белград и во Атина кои се меѓу 300 и 400 место а Љубљанскиот – Солунскиот и Атинскиот технички универзитет се позиционирани меѓу 400 и 500 место.
Универзитетот во Марибор и Загребскиот универзитет се меѓу 500 и 600 место. На Шангајската листа е рангиран и Софискиот универзитет меѓу 900 и 1.000 позија.
Шангајската листа што секоја година ја објавува универзитетот Циао Тонг од Шангај е една од највлијателните листи која ги рангира најдобрите универзитети во светот.
Клучни критериуми за рангирање на универзитетите меѓу другото се бројот на објавени научни трудови во меѓународни списанија бројот на добитници на Нобелови награди и Филдсови медали кои студирале на универзитетот или работат таму.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.