Македонија загуби со 2:1 од Украина во вториот меч на Европското првенство

Објавил: Македонка Димкин | 17 јуни, 2021 17:30

Македонските Фудбалери загубија од тимот на Украина со 1:2

Фото/Текст извор: ©магазин

Македонија загуби со 2:1 од Украина во вториот меч на Европското првенство, во Букурешт. Украинците поведоа со головите на Андриј Јармоленко во 29. минута и Роман Јаремчук во 34. минута, а за „црвено-жолтите“ голот го постигна Езѓан Алиоски во 57. минута.

Украинците не реализираа пенал во 84. минута, кога Столе Димитриевски го одбрани ударот на Руслан Малиновски, но македонската репрезентација до крајот не успеа да го израмни резултатот.,

Во првото коло од групата Ц, Македонија загуби од Австрија со 3:1, а избраниците на селекторот Игор Ангеловски во последното коло од фазата на групи играат со Холандија, во Амстердам на 21 јуни. Вечерва, во другиот меч од групата, играат Холандија и Австрија. Холандија ја победи Украина со 3:2 во првото коло.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.