Три лица го загубија животот кај Печењевци, кога македонски автобув кој се движел во працец од Скопје за Белград, излетал од патот и се превртел.
Според информациите од српското МВР, повредени се над 30 лица, а до несреќата дошло околу 01:45 часот на автопатот во близина на исклучувањето за Лесковац.
Медиумите во Србија информираат дека автобусот тргнал од Прилеп во 20 часот синоќа кон Виена.
Брзата помош соопшти дека до сега констатирале три смртни случаи и 32 повредени лица, од кои 28 се во болницата во Лесковац а четири лица се во болницата во Ниш.
23 лица имаат лесни телени повреди и не се во ургентниот центар.
Акцијата била спроведена во помош на брзата помош од Ниш и пет свои спасувачки екипи а на местото на настано се и Нишката и Лесковачката полиција.
Увидот за причините е во тек, се шпекулира дека несреќата се случила поради лошите временски услови како во Лесковац веќе втор ден обилно паѓа снег.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.