Трагедија во Германија

Објавил: Калина Мартинска | 6 ноември, 2024 14:20

Македонски државјанин избоде жена до смрт пред нејзините три малолетни деца

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонски државјанин ја избодел поранешната сопруга во Дортмунд, која неодамна го напуштила поради семејно насилство и сакала да започне нов живот со своите три деца на возраст од 3, 4 и 6 години, објави германскиот весник „Билд“.

На 4 ноември убиецот ја избодел 30-годишната жена со кујнски нож долг 30 сантиметри пред очите на нејзините деца. По нападот, тој избегал, а децата ги повикале на помош соседите.

Според „Билд“, двојката неколкупати била на суд поради пријави за семејно насилство. На крајот на октомври таа се преселила во нов стан во Дортумунд со нејзините три деца.

Убиецот побегнал со автомобил и набргу потоа бил фатен на автопатот во близина на Вирцбург, се претпоставува дека сакал да побегне во Македонија. Полицијата и јавниот обвинител соопштија дека окружниот суд во Ерланген  издаде налог за апсење. Тој моментално е во притвор во Нирнберг, а подоцна ќе биде префрлен во Дортмунд.

Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на младите и прегледани на Детска клиника.

„Изворите велат дека децата не се повредени. Ќе бидат однесени кај семејството на нивната мајка“, пишува „Билд“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.