
Македонија
Вести
Министерството за Надворешни Работи на Македонија со сериозна загриженост ги нотира објавените прелиминарни резултати од Пописот одржан во Република Албанија во 2023 година.
Техничките нерегуларности во начинот на реализација на истиот, на кои континуирано укажуваа македонските здруженија во Република Албанија во пресрет на Пописот, но и во текот на неговата реализација резултираа со објава на прелиминарни податоци кои што за жал не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата.
Дополнително, Министерството изразува незадоволство и остро реагира на употребата на термин „северномакедонци“ и употреба на име на земја како супститут за етничка заедница.
Министерството ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во насока на прецизирање на недостатоците и недоследностите во овој процес, разгледување на можностите за соодветна корекција на направените пропусти и изнаоѓање на најадекватни начини за понатамошно заедничко дејствување и унапредување на билатералните односи со Република Албанија.
Министерот за надворешни Муцунски со реакција до неговиот колега Хасани во Албанија
Албанската агенција за статистика по еден ден од објавата на резултатите изврши корекција и наместо Северномакедонци сега стои Македонци. Промената доаѓа по реакција на МНР и средбата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски со неговиот албански колега на форумот во Дубровник.
Заедно со претседателот на Владата Мицкоски ја следевме ситуацијата. Имавме во неколку наврата комуникација и со службите во министерството за надворешни работи. Утврдивме некои прашања за кои што како држава имаме сериозна грижа, тие беа денес и јавно воочени во објава која што ја имаше од страна на МНР. Тука е и колегата Хасани, албанскиот министер за надрворешни работи. Стапив во контакт со него. Тој потоа стапи во контакт веројатно со соодветните служби во соседна Албанија. Информираше дека по однос на тоа прашање се работело за техничка грешка. Исрено ќе кажам дека сум му благодарен за брзата интервенција, изјави за Канал 5 министерот за надверешни работи Тимчо Муцунски.
Прелиминарни податоци од пописот во Албанија за жал не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата, соопштија од Министерството за надворешни работи, откако и македонски друштва во Албанија реагираа за, како што велат, направен груб пописен фалсификат по објавената бројка од пописот за над 7. 000 Бугари во Албанија.
За натамошните чекори, МНР ќе го повика амбасадорот Данчо Марковски на итни консултации во Скопје.
Ќе зборуваме прво со нашиот амбасадор, секако, околу неговиот ангажман таму по однос на овие прашања. Околу тоа која е нашата стратегија во однос на сите овие прашања кои што јавноста секако будно ги следи и ние во одредени детали многу повеќе ги следиме и ќе ја договараме нашата заедничка стратегија. Но ќе повторам, стратегија која има за цел да ги заштити правата на Македонците кои што живеат на територија на Р. Албанија, но исто така и да работиме, да имаме добри биулатерални односи со Албанија како наш значаен сосед, вели Муцунски.
Друштво Преспа: Пописен фалсификат за Македонците во Албанија, грубо мешање на Бугарија
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.