Дојде и тој ден, по 20 дена и изминати 11000 километри со рено 4 и 800 километри со Боинг 737 успеавме!

Објавил: Перо Милчин | 20 јули, 2019 7:09

МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ СЕ РАЗВЕА НА КИНЕСКИОТ ЗИД: Од Стојаково до Кина со РЕНО 4!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Половина од авантурата на Ѓорѓи и Ѓоко е КОНЕЧНО завршена, момците успешно стигнаа до Кина и го развеаја македонското знаме. Долгиот пат траеше 11.000 километри со возење на Renault 4 И уште 800 км. со авион (бидејќи не добија дозвола да го внесат возилото во Кина).

Дојде и тој ден, по 20 дена и изминати 11000 километри со рено 4 и 800 километри со Боинг 737 успеавме!

Го развиоривме Македонското знаме на Кинескиот зид и што би рекол Ѓорѓи Николов:
“Стојаково и Македонија на нозе, Кина на колена! Битката на Кинеската граница ја загубивме ама војната ја добивме!!!”
Голема благодарност до сите!

Половина од авантурата на Ѓорѓи и Ѓоко е КОНЕЧНО завршена, момците успешно стигнаа до Кина и го развеаја македонското знаме.

Почнувајќи од нашиот тим во импровизираното студио во Cafe Bar Iks во Стојаково, кој деноноќно беше со нас и ни даваше точни информации по патот,
потоа голема благодарност до сите спонзори без кои оваа мисија немаше да биде возможна, посебно до градоначалникот на општина Богданци Блаже Шапов и општинскиот совет како најголеми донатори, благодарност до министерот Димитров, тимот професионалци од МНР како и вршителот на
должноста Амбасадор на Македонија во Кина, нејзината екселенција, г-ѓа Зорица Ташковска без кои влезот во Кина нема да беше возможен.

На крај, најголемо фала и до сите наши знајни и незнајни пријатели и поддржувачи кои не охрабруваа да стигнеме до Пекинг по секоја цена!

Тука завршуваат 51% од нашата мисија. Се надеваме нашето Рено е сеуште на аеродромот во Улаанбаатор. Утре сабајле се враќаме назад во Монголија и го започнуваме патот назад.
Уште 11000 километри полни неизвесност, друмски патишта и дружба со нашето Рено.
На последната слика сме сликани пред зборовите кажани од Мао Це Тунг: “Не си херој ако не си го видел Кинескиот зид” – Ние успеавме да го видиме, и тоа на херојски начин!

Подготовките за пречекот се веќе во полна пареа во центарот на центарот на Македонија, се надеваме ќе ве има во уште поголем број оваа година!
ВИ БЛАГОДАРИМЕ! 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Хотелот е наменет за лица постари од 16 години. Ексклузивниот хотел става акцент на врвната секојдневна забава и анимација, која ги воведува младите во добра и екстра забава.

Погледнете го најлуксузниот хотел во Турција, “АДАМ И ЕВА”-БЕЛЕГ, одмор за вашите очи и душа!

Денеска ќе посветиме внимание на еден од најпровокативните хотели кои се наоѓа во...

Но она што е многу важно е да внимавате на водата, односно да не се капете бидејќи морската вода во Грција е невообичаено студена за овој период од годината.

Важна информација за сите кои планираат да патуваат во Грција за продолжениот викенд

Соседна Грција е една од омилените дестинации за викенд но и за летен одмор, каде најчесто...