Како што налага ситуацијата, извесно е дека македонските граѓани ќе можат да патуваат само доколку се вакцинирани со Фајзер или АстраЗенека.

Објавил: Перо Милчин | 3 мај, 2021 20:14

Македонците вакцинирани со Фајзер и АстраЗенека ќе можат да патуваат во ЕУ

Фото/Текст извор: ©сител

Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно имунизирани со вакцини одобрени во ЕУ и оние од земји со поволна епидемиолошка состојба да им биде дозволено да патуваат во земјите на ЕУ без посебни ограничувања.

Како што налага ситуацијата, извесно е дека македонските граѓани ќе можат да патуваат само доколку се вакцинирани со Фајзер или АстраЗенека.

Според сегашните регулативи на ЕУ, во една од 27-те земји-членки можат да патуваат само граѓаните од седум земји, но денешниот предлог сигурно ќе го прошири тој список.

За да се ограничи ризикот од ширење на нови мутации на коронавирусот, Европската комисија понуди и нов механизам „итна сопирачка“, со кој ќе се овозможи итна примена на ограничувања за патувања за сите земји каде епидемиолошката состојба нагло ќе се влоши.

Време е да се ревитализира туристичката индустрија и да се обноват прекуграничните пријателства, но безбедно. Предлагаме да ги примиме вакцинираните посетители и оние од земји со добро здравје”, објави на Твитер претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Земјите-членки на ЕУ би требало утре да почнат расправа за овој предлог и потребно е да се постигне целосна согласност за предлогот да биде усвоен и да стане важечки пропис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид.

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата на Република Македонија ги поддржува активностите за отстранување на бесправните...

Вкупно 200.000 кинески вакцини денес треба да бидат дистрибуирани во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола по што со истите од утре започнува масовната имунизација на населението.

Од среда полициски час од 23 часот, кафеаните да работат до 22.30

Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот,  е...

Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите, како и да сочува што повеќе работни места.

Продолжува поддршката за стопанството – бескаматни кредити од 10 милиони евра, со можност за грант до 50%

СДСМ и институциите што ги предводи креира и реализира навремени и сеопфатни економски...

Претходно ЦУК информира дека денеска околу 13:30 часот добил информација за шумски пожар над селото Галичник.

Силен ветер го оневозможува учеството на воениот хеликоптер во гаснење на пожарот кај Галичник

Хеликоптерот на Армијата кој се упати да учествува во гаснењето на шумскиот пожар...