вторник, 26 мај 2020

MK/ EN/ DE



Според објавените податоци, во домашниот транспорт за македонските граѓани, најмногу се користи автомобилот а најмалку се користи железничкиот сообраќај.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 септември, 2019 15:51

Македонците најмногу патуваат со автомобил, а најмалку го користат железничкиот сообраќај

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Податоците на Еуростат кои беа објавени на почетокот на Европската недела на мобилност покажуваат дека кај македонците автомобилите се доминантно превозно средство.

Според објавените податоци, во домашниот транспорт за македонските граѓани, најмногу се користи автомобилот а најмалку се користи железничкиот сообраќај.

Македонците најмалку го користат железничкиот сообраќај…

На транспортот со автомобил отпаѓаат 77,2 процента од поминатите патнички километри, по што следи патувањето со автобус со 22,2 процента, а со воз 0,6 проценти, покажуваат податоците на Еуростат, објавени на почетокот на Европската недела на мобилност.

И за жителите на Европската унија најчест избор во внатрешниот сообраќај се автомобилите, но таму е речиси изедначен превозот со автобус и со воз. Со автомобил се движеле 83,3 проценти од патниците, 8,8 отсто со автобус и мотор, а 7,9 проценти со воз.

Меѓу земјите членки, најголем број поминати патнички километри со автомобил има во Литванија, 91,1 процент, по која следат Португалија и Словенија со 88,5 односно 86,5 проценти.

Кај патувањето со воз со 11,9 проценти лидер е Австрија, зад која се Холандија со 11,4 проценти и Франција со 10,8 проценти. Унгарија, пак, е државата со најголема застапеност при патување со автобуси и тролејбуси, на кој вид превоз отпаѓа 21,1 процент, по што следат Кипар со 19 проценти и Малта со 17,5 проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од утре од 09 часот ќе биде отворена Зоолошка градина, но поради моменталната состојба со пандемијата од Ковид-19 ќе има нов протокол за движење и придржување кон мерките.

Од утре може да се дружиме со животните во скопската Зоолошка градина!

Заклучно од утре вратите на Зоолошката градина во Скопје ќе бидат отворени за посетители...

Во неколку наврати напоменав дека здравјето на граѓаните е најважно и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки, вели Чулев!

ЧУЛЕВ: МВР следи што се објавува на социјалните мрежи и ја проверува автентичноста!

Намалување на бројот на заразени од вирусот Covid19 е возможно само доколку граѓаните...

Јас не се плашам од Корона, како рекол Господ така ќе биде, мене повеќе ме плашат лошите луѓе која додава  дека овој период додека сите се плашат од Корона таа повеќе е во Бекирлија, си диши чист воздух, сади лук, кромид и компир, се дружи и со кучето и со пчелите. Е токму пчелите овој период најмногу ја натажуваат, оти не и се сите на број. Разочарана е што има луѓе што сакаат само да му наштетат на другиот.

„Не ме плаши корона, туку лоши луѓе“: Атиџе разочарана, и биле скршени 20 нови, а две стари трмки со пчели украдени!

Во интервју за mms.mk Атиџе Муратова, хероината на Медена Земја, која успеа да стигне и...