КУД Јане Сандански ја претстави нашата заедница на Мумба парадата

Објавил: Македонка Димкин | 18 март, 2019 1:12

Македонците не се предаваат, КУД Јане Сандански со своја програма во Австралија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

КУД Јане Сандански ја претстави макеодонската заедница на Мумба парадата

Последниот ден од фестивалот Мумба во чест на Денот на трудот во Викторија Австралија  го означи познатата Мумба парада. Илјадници жители на Мелбурн од сите генерации,и нации, секоја годиниа масовно ја посетуваат и поддржуваат мултикултурната шареноликост на парадата.

Оваа година беше посебно убава и можеби една од  најпосетените досега. Еден час пред почетокот, река од луѓе се слеваше по улицата од каде започнуваше мумбата, да заземат подобри места од каде што  ќе можат  ја следат и уживаат во парадата.

Куд Јане Сандански од Мелбурн -Традицијата никогаш не застанува

Топло бе поздравувани пожарникарите, викториската полиција, претставниците од неколку етнички групи, Украина, Јапонија, Индонезија, Кина, Карипските острови и секако нашата Македонија. Притоа остана најзабележана  возбудата кај најмладите посетитеи кои стрпливо чекаа и со интерес ги пратеа разнобојните подвижни возила, “дрвја”, џиновски инсекти и голем број танчери.

По неколку години пауза оваа позната манифестација со својата грандиозна програма повторно ја разубавија македонските играорци од МКУД Јане Сандански од Мелбурн.

Додека пак крајот на парадата го означија “кралот и кралицата на Парадатa, најзаслужните во Викторија за оваа година, Џефри Томсон и Џејн Бан. 

Со  две илјади учесници и сто илјади публика  оваа парада важи дефинитивно  за најспектакуларната парада во светот. Петмилионскиот град Мелбурн по 65-ти пат повторно го покажа своето мултиетничко срце 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Изборот на името на училиштето е по желба на граѓаните кои се изјаснија на јавна анкета која ја спроведе општината на својата веб страница во јули годинава.

Новото општинско училиште во Капиштец ќе го носи името „КИРО ГЛИГОРОВ“

Советот на Општина Центар пред два дена го усвои предлогот, новото општинско училиште...

Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени.

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ ГОДИШНИНА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ: Гости Влатко Стефановски, Танос Ставридис, Биља Крстиќ и Биг Бенд

Објавена е програмата на град Скопје, за одбележување на 56 години од катастрофалниот...