За поседувањето бугарски пасош, велат, Македонци со таков пасош има малку, многу поголем е бројот на етничките Албанци кои земаат пасоши поради немај каде, за да се обезбеди основна егзистениција.

Објавил: Македонка Димкин | 25 септември, 2023 9:20

Македонците од Албанија: Од кога сме родени знаеме дека сме Македонци

Фото/Текст извор: ©Фокус

Нас Македонците во Албанија ништо не може да не поколеба на пописот да се изјасниме она што сме, а за Бугари тоа е само идеја која попусто ја пропагираат бугарските власти и здруженија, порачуваат Македонците во Албанија.

-По националност сме Македонци. Какви Бугари, во Албанија ниту имало, ниту има. Нема никаков проблем, кога попишувачите ќе дојдат и ќе не прашаат ќе кажеме дека сме Македонци, со православна или исламска вероисповест и дека мајчин јазик ни е македонскиот, велат Македонците.

Дел од нив се прашуваат каде биле до сега бугарските власти.

-Како македонско малцинство признати сме уште од времето на Енвер Хоџа и тоа ни пишува во граѓанската евиденција. Тоа што доаѓаат и се обидуваат да не заплашат, не е ништо, ние сме преживеале многу пострашни нешта. Каде беа до сега оние кои бараат нешто што го нема, додаваат тие.

За поседувањето бугарски пасош, велат, Македонци со таков пасош има малку, многу поголем е бројот на етничките Албанци кои земаат пасоши поради немај каде, за да се обезбеди основна егзистениција.

-Областите каде што сме концентирани не се граничат со Бугарите. Со Албанците сме на граница. Албанец може да има некој, но Бугари никогаш немало во оваа земја. Од кога сме родени знаеме дека сме Македонци. Обединети сме да си го зачуваме македонскот идентитетот, дали сме во Преспа, Голо Брдо, Гора, Тирана или Елбасан, рекоа тие.

Повик да не потклекнуваат на заканите и гордо да се попишат како Макдонци, упатија македонските друштва и здруженија во оваа земја.

-Во сите досегашни 11 спроведени пописи во Албанија нема ниту едно лице кое се изјаснило како Бугарин. Тоа со пасошите е поради тешката ситуација во која се наоѓаме зашто живееме во најнеразвиени подрачја во земјата. Но, нема да не поколебаат ние сме тоа што сме-Македонци. Барам од моите сонародници гордо да кажат дека се Македонци, апелира Фатри Фетаху, од село Требиште, област Голо Брдо.

Фетаху, кој е претседател на огранокот на македонското друштво Илинден додава дека последователна провокација кон Македонците, во време на попис, е објавата на фондацијата Македонија дека ќе доделува стипендии за стденти од Северна Македонија и од Албанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...