Брисел го поздравува исходот во Собранието!

Објавил: Мате Парлоф | 16 јули, 2022 14:40

Македонците плачат а Брисел го поздравува исходот во Собранието

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Собранието со 68 гласа „за” ги усвои предлог заклучоците поднесени од СДСМ и ДУИ по расправата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на ЕУ.

Шарл Мишел, Урсула фон дер Лајен, Оливер Вархеји го поздравивја денешното гласасње во парламентот и едногласно порачуваат дека со тоа се зацртал европскиот пат на земјата!

Само десетина минути откако 68 пратеници се изјаснија „за“ за заклучоците за францускиот предлог стигнаа пораките од врвот на Европската Унија и Европската комисија.

„Денешното гласање во Собранието на Северна Македонија го поплочува патот за одржување на првата Меѓувладина конференција идната недела. Ова е суштински чекор на земјата и за ЕУ. Нашата иднина е заедничка и ве чекаме со отворени раце“,

напиша на Твитер Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

Со слична порака излезе и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Честитки до Северна Македонија за гласањето со кое се овозможуваат условите за брзо отворање на пристапните преговори. Ова беше историска можност и вие ја искористивте“, напиша Фон дер Лајен.

Со усвоените предлог заклучоци и се даваат насоки на Владата за што може да преговара со Европската унија.

Со заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на македонскиот народ. Се задолжува владата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен без какви било дадовки и фусности и во текот на преговоирите, владата да не прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести