Највисоките просечни плати во регионот се во Словенија и Хрватска, а најниски се во Македонија, Албанија и Србија.

Објавил: Узунов Бобан | 10 септември, 2019 8:53

Македонците со најниска плата во регионот

Фото/Текст извор: ©магазин

Според најновите официјални статистички податоци, највисоките просечни плати во регионот се во Словенија и Хрватска, а најниски се во Македонија, Албанија и Србија.

Просечната месечна нето плата во Словенија изнесува 1.108 евра и тоа е единствена плата во земјите во регионот која го надминува „магичниот износ“ од 1.000 евра. Просечната плата во Словенија е двојно повисока од просечната заработка во речиси сите земји од регионот на Балканот, освен Хрватска, уште една членка на ЕУ, каде просечната плата изнесува 873,9 евра.

По неа следи Црна Гора, каде според последните официјални податоци на Заводот за статистика на земјата, просечната плата во јули 2019 година изнесувала 511 евра.

Најниски просечни плати се во Македонија и Албанија, додека во Србија и Босна и Херцеговина се малку над нив. Во БиХ просечната плата е 469 евра, а во Србија454,7 евра.

Последните достапни податоци од Инситутот за статистика на Албанија покажуваат дека просечната плата во оваа земја изнесува 423 евра. А најновите статистички податоци на Заводот за статистика на Македонија покажуваат дека просечната плата во земјата изнесува 409,8 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Овој карневал годишно носи бројни туристи кои со нетрпение очекуваат да присуствуваат на големиот италијански спектакл, сепак, поради големиот број заболени и двете починати лица од новиот вирус, сите настани се откажани и тоа најмалку една недела.

Поради ширење на коронавирусот откажан карневалот во Венеција

Италијанските власти, денеска донесоа одлука да го откажат напознатиот карневал во...

Православната црква неговиот ден го чествува на 10 февруари.Народот верувал дека св. Харалампиј е заштитник од чумата која ја соборил и победил, а тоа, всушност, бил ѓаволот олицетворен во чума, како што се верувало во Охрид.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска се слави Харалампиј – светецот кој е чувар од болести

Свети Харалампиј е христијански светец и маченик од 3 век. Oвoј свeтитeл бил eпискoп...

Дроновите освен во полициската работа биле користени и во операции како онаа со случувањата во кумановско Диво Насеље.

Оливер Спасовски призејмил безпилотни летала важни за одбраната на Македонија

Регионалните медиуми деновиве излегоа со информации за приземјување на полициските...