Аферата купување на бугарски пасоши, како лавина почна да руши се пред себе, масовно се откриваат продавачите, но најавени се и огромни сакнции за купувачите на пасоши

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 ноември, 2018 8:03

Македонци со бугарски пасоши, заведени на адреса на гробишта во Софија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Аферата со лажните документи за бугарско потекло, во која и директно или индиректно се вмешани Македонци, ја тресе Бугарија како ниту една друга во поновата историја на соседната земја.

Трагите на оваа афера водат кон во Софија и Ќустендил, во обид  да пронајде одговори на прашањата кои ја мачат не само бугарската туку и македонската јавност: Кој и зошто продава документи за „бугарски происход“, каква е политичката тежина на случајот и дали по спласнувањето на аферата „работата“ ќе продолжи да тече како ништо да не се случило.

Разработената криминална шема преку која биле заработувани и по неколку илјади евра од секое лице кое сака да се стекне со драгоцениот европски пасош, ја разби бугарското МВР, а во притвор се најдоа повеќе функционери.

Медиумите им ракоплескаат на јавните обвинители кои го разоткрија она што и онака на сите им беше познато, бугарски пасоши се делат како од ракав, само ако имате доволно пари да си ги купите.

Бугарските медиуми инсистираат дека ВМРО – БНД се издржувало од продажба на документи за бугарско потекло, а тоа го потврди и поранешниот директор во одделот за бугрски државјанства при тамошното Министерство за правда Катја Матева, која додава дека Македонците биле пренесувани во Бугарија со посредство на Агенцијата, а шемата функционирала непречено со години.

Аналитичарот Валериј Најденов нема дилеми, во прашање е корупција од големи размери, но испреплетена со злоупотреба на националните чувства. Нема ниту дилеми за учеството на бугарската националистичка ВМРО – БНД на видепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во целата шема.

Претсeдателот Румен Радев се обиде да поентира дека негови луѓе ја откриле аферата, додека владејачката ГЕРБ на Бојко Борисов бара помалиот коалициски партнер да ги избрка криминалците од своите редови.

Бугарското ВМРО – БНД очекувано негира било каква поврзаност со аферата. Велат дека Харалмпиев не е член на нивната групација, а самиот Каракачанов се закани дека ќе се самоубие среде Соофија доколку некој докаже дека ВМРО – БНД зела макар еден лев на незаконит начин.

Партијата која инаку бара сите Македонци да добијат буграски пасош, сепак не е толку расположана да дава изјави пред македонски медиум за случајот. 

Јавна тајна е дека Македонците се запишуваат на фиктивни адреси за да го исполнат условот дека имаат перманентен престој во Бугарија. Во Софија голем број Македонци како адресно место на живеење ги имаат градските гробишта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.