
Живот
Интервју
Јани Макрадули директор на Македонска пошта во емисијата 24 анализа рече дека во АД пошта нема да има мартовска плата под 18 000 денари и тоа е сигурно.
– Во државата никој не смее да добие помала плата од тоа. Не за џабе и законодавецот и предлагачот се договориле да се усогласи покачувањето.
Сите партнери кои седеле на маса во владата на состанокот увиделе дека тоа не може да се направи сега кога има војна толку блиску до нашата територија. Недозволиво е 32 години да не се зголеми платите и 12 години да нема униформи. Како акционерско друштво, влдата која е стопостотен акционер, ние мора да најдеме одржливо решение што ќе продуцира приход. – рече Макрадули!
-Како АД во која Владата е 100% акционер мора да најдеме одржливо решение, за да исплатиме како што заслужуваат. Тука немам дилема. Одржливо решение е за да заработуваме пари.
Пошта не е во добра финансиска состојба, но некои параметри покажуваат дека работите се изменети. Ние имаме повеќе приход од пакети и сето тоа зборува за тренд. Сакаме фер услови на пазарот. Да не може од Фејсбук да се носат роби од Србија, затоа што треба да сте регистрирани овде тоа за да го правите. Постојат закони во Агенциите за пошта, но не доволно се врши контрола, потенцира Макрадули.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.