Она што е констатирано е дека инцидентот е саниран, благодарение и на брзата реакција на сите надлежни институции.

Објавил: Сара Фемина | 9 ноември, 2019 15:13

МАКРАДУЛИ: Инцидентот во ОХИС е саниран, течноста е собрана и покриена е со пилевина- НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменик-министерот за екологија Јани Макрадули по излеаната течност во ОХИС, денеска соопшти дека состојбата се држи под контрола, течноста е собрана и покриена со пилевина.

-По вчерашните случувања во кругот на Охис, денес повторно е направен увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина и од Лабараторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, ангажирана од страна на судот, за надзор на процесот и начинот на кој се одвива чистењето.
Она што е констатирано е дека инцидентот е саниран, благодарение и на брзата реакција на сите надлежни институции. Станува збор за процес на чистење на 11 видови хемикалии, кој трае 9 месеци. Сите хемикалии кои се собрани се детално испитани. Досега целиот хлор е отстранет и изнесен, како и дел од другиот опасен отпад кој се наоѓал во кругот на Охис.

Oва е систем каде целосно се знае каде точно завршуваат сите овие хемикалии. Тие се препакуваат и како опасен отпад се извезуваат надвор од државата. Откако ќе бидат собрани и обработени податоците од сите релевантни институции, ќе се донесе соодветно решение. Сакам да ги уверам жителите на Кисела Вода дека не постои никаква опасност, а тоа и го покажуваат и мерења од страна на Лабараторијата АМБИКОН, направен со PID детектор за органиски испарливи компоненти кој покажа дека нема концентрација на метил акрилат мономер во зоната на објектот, напиша Макрадули на Фејсбук.

Излеаната течност во ОХИС е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста, соопшти синоќа Министерството за животна средина информирајќи ја јавноста дека состојбата во фабриката е под контрола и нема место за паника.

„Очекуваме највисока казна за одговорната фирма „Екоцентар 97“, една за хаваријата, втора за непријавување и непостапување според протокол и кривична пријава. Воедно и проверка на начинот на кој работат“ – стои во реакцијата на О2 иницијатива.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Тешката несреќа се случила утринава околу 8.30 на автопатотот кај селотот Катун, но засега не е позната причината зошто шлеперот се превртел.

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Се преврте шлепер со македонски таблички на автопатот кај Ниш

Како што објавија српските медиуми на автопатот меѓу Алексинац и Ниш, во правец кон...

Лицата биле лишени од слобода и сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информираат од МВР.

ЛЕТАА ДРВЕНИ ПРЕДМЕТИ ВО ШУТКА: Масовна тепачка – апсеше полицијата

Голем инцидент во Шутка, интервенирла и полицијата. Како што информира министерството...

До повредата дошло откако на игралиштето кое е наменето за деца со хендикеп, малиот Ангел влегол и почнал да се лула на лулашка која е наменета за деца во количка.

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО ВЛАЕ: Дете паднало во кома откако се повредило на игралиште

Едно дете се наоѓа во кома на КАРИЛ, откако денес во паркот Делфина во скопската населба...