Претседателот Емануел Макрон во интервју за десничарскиот магазин „Актуелни вредности“, објавено во петокот изјавил дека „повеќе ги сака мигрантите од Гвинеја и Брегот на Слоновата коска отколку бандите од Украина и Бугарија“.
Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева ѝ нареди на бугарската амбасадорка во Париз, да испрати протестна нота до Елисејската палата и побара објаснување од францускиот амбасадор во Софија за ставот на Макрон до наредната недела.
Веднаш потоа следуваше и реакцијата од Бојко Борисов на социјалните мрежи.
Францускиот претседател ме увери дека никогаш не ги критикувал бугарските граѓани, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на „Фејсбук“, во врска со веста дека францускиот шеф на државата, Емануел Макрон, претпочита легални африкански мигранти повеќе од илегални бугарски или украински работници.
„Францускиот претседател Емануел Макрон ме контактираше за да ме увери дека информациите од интервјуто не соодветствуваат со вистината. Тој ме увери дека никогаш не ги критикувал бугарските граѓани, работниците или институциите.
Претседателот Макрон ја потврди поддршката за Бугарија. Како премиер на Бугарија, нема да дозволам никој да го навреди нашиот народ и се надевам дека во иднина нема да дојде до вакви ситуации “, пишува Борисов.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.