Тој изјави дека следнит месеци постои можност за добивање датум за преговори но само доколку испорачаат реформи, а тој ќе даде зелено светло.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 ноември, 2019 10:57

Макрон: Македонија не доби датум за преговори поради Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за ,,Економист” истакна дека Македонија е подготвена да добие датум за преговори уште на самитот во март, но под услов и Унијата и Македонија да испорачаат реформи.

Тој изјави дека следнит месеци постои можност за добивање датум за преговори но само доколку испорачаат реформи, а тој ќе даде зелено светло.

Францускиот претседател Емануел Макрон одби да даде зелено светло на Македонија да започне разговори за пристапување во Европската унија и предводеше група водачи кои блокираа отворање разговори и со Албанија, и покрај загриженоста за кинеското и руското влијание на Балканот.

Макрон вели дека е подготвен за одобрување на преговори со Македонија и Албанија но не се работи само за нив, и ЕУ треба да дотогаш да ја изготви новата методологија за проширување. Доколку се земе предвид кажаното Македонија може да се надева на почеток на преговори уште на Самитот во март.

„Да се реформираат процедурите за пристапување пред да се отворат преговорите. Доколку направиме реформи во следните неколку месеци, подготвен сум да се отворат преговори. Доколку и тие (земји, н.з.) направат дополнителни напори кои им преостануваат. Но, потоа не сакам никој повеќе да влегува во членство додека не ја реформираме ЕУ. Мислам дека тоа е предуслов, неопходен и искрен“, вели Макрон за Економист.

Во него тој меѓу другото вели дека зелено светло за почеток на преговори на самитот во Брисел имало само за Северна Македонија. Францускиот претседател нагласи дека други земји-членки се криеле зад француското вето, а всушност биле против отпочнување преговори со Албанија. Одвојувањето на двете земји, според Макрон ќе било голема грешка. Тој додава дека речиси половина од членките биле против почеток на преговори со Тирана.

„Прашајте ги утре дали сакаат преговори со Албанија. Половината ќе ви кажат не. Сакаат да отворат со Северна Македонија, тоа е мала земја, го сменија името и тоа е навистина историско постигнување. Таа не ги плаши луѓето. Но реалноста е дека доколку не отворите и со Албанија создавате ужасна траума во регионот. Албанските јазични заедници се насекаде. Доколку ја понижите Албанија, ќе направите трајна дестабилизација на регионот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Арслани, кој доаѓа од редовите на ДУИ, е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга. Тој доаѓа на местото на Асим Муса, кој поднесе оставка на функцијата по скандалот со земање мито.

Арменд Арслани од ДУИ e нов заменик-министер за здравство

Собранието на денешната 120-та седница со 62 гласа „за“ и 17 „против“ го именува Арменд...

На самитот Ѓоргиевска, како што соопшти Кабинетот на претседателот, говореше на тема „Сексуално и репродуктивно здравје и права: основен елемент на универзалното здравствено покритие“.

Првата дама се обрати на Најроби Самитот: „Верувам во еднаквост на сите луѓе и на сите жени“

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, во Најроби,...

Работниците во „Стоби“ со години биле изложени на силна екплоатација, приморани да работат за време на празници и викенди без да бидат пријавени и без да добијат соодветни дневници! Дополнително, газдата на конфекцијата ги пријавувал на скратено работно време без нивно знаење, со што голем дел од работниот стаж никаде не е пријавен

Незаконски избркани 250 работници од велешката конфексија „Стоби“ – властите го штитат газдата

Незаконски избркани 250 работници од велешката конфексија „Стоби“ – властите го...