Како што изјави тој пред францускиот претседател ги изложил своите аргументи, и ги слушнал неговите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 ноември, 2019 20:20

Макрон- Пендаровски: Може да се надевате на датум во мај, но не ветувам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, денеска се сретна со неговиот француски колега Емануел Макрон. Тој по средбата истакна дека има „отворен и динамичен“ разговор, но гаранции за датумот од Париз сѐ уште нема. Макрон бара време за внатрешната реформа на ЕУ.

Како што изјави тој пред францускиот претседател ги изложил своите аргументи, и ги слушнал неговите.

Претседателот Пендаровски ги изложил своите аргументи пред Макрон, и ги слушнал неговите. Според Пендаровски, Франција веќе поднела неформален предлог (нон-пејпер) до земјите членки на ЕУ за реформата на методологијата на пристапните преговори за членство, реформа која Макрон ја бара пред да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија.

Пендаровски изјави дека Франција веќе поднела неформален предлог (нон-пејпер) до земјите членки на ЕУ за реформата на методологијата на пристапните преговори за членство, реформа која Макрон ја бара пред да даде зелено светло за Северна Македонија и Албанија.

– Претседателот Макрон веќе почнал со расчистување на новата методологија. Тие имаат предложено „нон-пејпер“ до земјите членки пред една недела, и очекуваат во наредните месец, два, сѐ да заврши со коментари од другите земји членки, евентуално амандмани. Начелно тој мисли дека методологијата најдоцна треба да биде усвоена до март, изјави Стево Пендаровски по средбата со шефот на француската држава.

Макрон истакнал дека можно е земјава да добие датум за преговори на пролет на Самитот во Загреб но сепак не му дал гаранција.

– Сите опции се отворени со тоа што Макрон на средбата децидно кажа дека одлагањето е затоа што на ЕУ и треба повеќе време. Тој ми рече „моја стара заложба е продлабочување на ЕУ и промена на методолгијата, знам дека можат да одат паралелно, вие сега сакате само отворање тоа ми е јасно“, му рекол Макрон на Пендаровски и во ниту еден момент не му споменал дополнителни реформи, ниту законот за обвинителство како услов за отворањето преговори.

Македонскиот претседател за време на средбата инсистирал на тоа дека Северна Македонија не прифаќа никаква друга алтернатива на полноправното членство во ЕУ, со што се согласил Емануел Макрон.

– Прецизно ми рече дека никогаш не била неговата намера да ни даде алтернатива на полноправното членство, само сака да го подобри процесот, да не продуцира само бирократски успеси, а суштински неуспеси, рече Пендаровски.

Според него, за Северна Македонија не претставува никаков проблем промената на методологијата.

– Нека ја менуваат како сакаат, ние стоиме зад принципот на реверзибилност. Дури во еден момент му реков дека и како полноправна членка кога би биле, да нѐ исклучите од членство во ЕУ, слободно направете го тоа, не ми е интерес мене да бидам членка таму, а да не бидам демократија, изјави претседателот Пендаровски за медиумите по средбата со Макрон.

Пендаровски истакна дека Емануел Макрон најавил посета на Македонија во првата половина на 2020-та.

Извор Лидер.мк

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Очекувам фер и демократска кампања, не само во третата изборна единица туку и на ниво на цела Македонија, иако целокупната јавност е сведок на начинот на кој СДСМ и Зоран Заев се обидуваа да влијаат и да вршат поткуп на граѓаните.

Јанушев за Фокус: На 15 јули народот ќе го прати Заев во политичка пензија!

Нашата програма е со преку 1.000 проекти, нема да ветуваме нешто што не можеме да го исполниме...

Ова е официјален документ на Викиликс, кој открива дека Груевски рече дека ќе го стори тоа, но дека народот не би дознал за тоа.

Викиликс објави доказ дека Груевски платил на албански терористи!

Како што е објавено во документите на Викиликс, поранешниот премиер на Македонија,...