Тој на Фејсбук додаде дека побарал од владата да даде предлози за враќање на јавната доверба во полицијата и борба против сите форми на дискриминација, пренесува Ројтерс.

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 ноември, 2020 13:28

МАКРОН ПОРАЧА: Сликите на афроамериканецот претепан од полицијата во Париз се срамота за Франција

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера оцени дека сликите на Афроамериканецот, кој беше претепан од полицијата во Париз, се „срамни“ за Франција.

Тој на Фејсбук додаде дека побарал од владата да даде предлози за враќање на јавната доверба во полицијата и борба против сите форми на дискриминација, пренесува Ројтерс.

Француските медиуми претходно објавија дека Макрон бил „многу шокиран“ од видеото на кое се гледа како тројца полицајци го тепаат музичкиот продуцент, афроамериканецот Мишел Зеклер, во Париз.

Тројцата полицајци идентификувани на видеото се суспендирани и се под истрага.

На снимката, собрана од АП од безбедносните камери во музичкото студио на Заклер и оние направени од соседите, се гледа како тројца полицајци го следат Заклер до студиото, каде постојано го тепаат со пендрек.

Инцидентот се случи во време кога француската влада се обидуваше да донесе закон со кој се забрануваат снимки на полицијата, што предизвика протести од либералните граѓански групи и новинарите, кои проценија дека законот ќе овозможи полициската бруталност да остане незабележан и неказнет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.