Димитриевски пак претходно соопшти дека тој има само една коалиција, а тоа е коалицијата со граѓаните.

Објавил: Перо Милчин | 25 октомври, 2021 5:55

Максо е кандидат на режимското ВМРО, рече Заев

Фото/Текст извор: ©магазин

Режимот се згусна, одат на купче. И за нив е „All in“. Видете во Куманово ВМРО го поддржа Максо. Тони Михајловски и Александар Николоски објавија сојуз со Максо, а тој великодушно се заблагодари за поддршката од режимското ВМРО, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев откако потпртеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски соопшти дека партијата ќе го поддржи независниот кандидат за Куманово и акутелен градоначалник, Максим Димитриевски кој беше исклучен од СДСМ.

Ништо ние не сме згрешиле во Куманово. Напротив сме го намирисале режимот и затоа Максо не е кандидат на СДСМ, туку е кандидат на режимското ВМРО. Нека биде чиста ситуацијата, сега треба да се излезе и да се гласа, за демократија наспроти режим, рече Заев.

Димитриевски пак претходно соопшти дека тој има само една коалиција, а тоа е коалицијата со граѓаните.

Срамни се обвинувањата на СДСМ Куманово кои се однесуваат на мојата кандидатура за градоначалник на претстојните локални избори, каде велат дека сум склучил пакт со злото. Како независен кандидат за градоначалник побарав поддршка од сите граѓани. Побарав поддршка од сите политички партии во нашата земја. Очекувам поддршка деновиве да ми даде и мојата политичка партија СДСМ, членовите и симпатизерите од ДОМ, ЛДП, Коалиција на Албанците и Алтернатива, како и сите останати политички субјекти од македонскиот и албанскиот блок, реагираше Димитриевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

„Од тој момент оценувам дека дотичниот пратеник не е член и заменик на Движењето БЕСА, согласно одлуката што ја донесов како претседател на оваа партија и ваквата состојба ќе остане сѐ додека остануваат аргументите и факторите – дека на дотичниот пратеник му е забрането и спречено да гласа согласно потписот што го дал“, рече Касами

Кастриот Реџепи отстранет од БЕСА

Лидерот на Движењето БЕСА, сега и градоначалник на Тетово, Билал Касами, вели дека пратеникот...

Првиот вицепремиер Артан Груби вели дека комуницираат со сите партии од опозицискиот блок, со исклучок на Левица - децидни се дека нема ни да стапат во контакт со партијата на Апасиев.

ГРУБИ: ЗА МНОЗИНСТВО СЕ ПРЕГОВАРА СО СИТЕ, ОСВЕН СО ЛЕВИЦА

Владејачките коалиционери, оптимисти – ќе го шират владејачкото мнозинство. Ширум...

Нејзиниот сопартиец и колега во Собранието, Александар Николоски, денеска соопшти дека прашањето за доверба во Владата е доставено до Собранието, со 61 потпис.

Ќе гласаат ли и пратеници во скафандри за недоверба на Владата?

Пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија, според информации на 360, е во изолација од петокот,...