Марко денеска би имал 22 години, но за жал влезе во историјата како најмлада жртва од НАТО агресијата, која се случи 1999 година.

Објавил: admin@magazin | 24 март, 2019 9:59

Малиот Марко(2) беше најмладата жртва на НАТО бомбардирањето- загина во прегратката на татко му

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во прегратките на својот татко Владан 31. мај 1999 година, околу 14 часот попладне, во бомбардирањето на станбена зграда во Нови Пазар, настрада две годишниот Марко Симиќ, најмладата жртва на НАТО бомбардирањето на Југославија.

Пред 20 години, двегодишниот Марко, загина од НАТО бомба во сред центарот Нови Пазар во татковата прегратка, а истовремено настрада и неговиот татко Владан!

НАТО бомба точно во 13.25 часот погоди станбена зграда во центарот на градот, месарница, продавница за авто делови и при таа прилика загинаа 11 лица од Нови Пазар, а 12 беше повредено.

Пред 20 години, двегодишниот Марко, загина од НАТО бомба на сред Нови Пазар во татковата прегратка, а тогаш настрада и неговиот татко Владан!

Тој ден Владан и Марко се наоѓале надвор да се прошетаат, отишле до продавницата за авто делови во центарот на Нови Пазар и во тој момент кога паднала бомбата, Владан во прегратките го чуваше својот син Марко.

Можам да замислам Марко да беше жив, како ќе изгледаше денеска, како момче. Се сеќавам. Владан и јас правевме парк пред куќата, а тој трчкаше наоколу и извикуваше: И чичко ми сади трева, сака да му биде убаво, ова го изјави пред 4 години неговиот чичко, Дејан братот на Владан.

Марко денеска би имал 22 години, но за жал влезе во историјата како најмлада жртва од НАТО агресијата, која се случи 1999 година.

Имено, денеска пред точно 20 години, после многу бројни обиди и понуди да се реши косовската криза, од базата на Авијана полетаа првите борбени авиони, кои наредните 78 денови, фрлаа бомби по цивили и фабрики ширум Република Србија.

Војната интервенција на СФРЈ почна на 24 март околу 19.30 по наредбата на некогашниот генерален секретар на НАТО, Хавијер Солана, а владата во Белград истата ноќ прогласи воена состојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.