Веднаш штом Љуба излезе на сцената, искажа големa благодарност и восхитување до неговиот најголем идол Сaшa Ковачевиќ.

Објавил: Сара Фемина | 8 април, 2019 14:20

Малиот Љуба(6) ја дигна на нозе арената „Борис Трајковски„ на концертот на Саша Ковачевиќ !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Нa концертот нa Сaшa Ковaчевиќ пред два дена, гостин беше 6-годишниот Љубa Стaнковиќ кој со своите гласовни способности ја крена на нозе публиката во арената „Борис Трајковски„ во Скопје!

Малиот Љуба Станковиќ беше специјален гостин на концертот од српскиот пеач Саша Ковачевиќ, кој пред два дена одржа голем концерт во салата „Борис Трајковски„ во Скопје.

Веднаш штом Љуба излезе на сцената, искажа големa благодарност и восхитување до неговиот најголем идол Сaшa Ковачевиќ.

Тој му се заблагодари за поканата и веднаш ја презеде сцената и направи вистински спектакл, посебно која за запеа песната од Калиопи„ БАТО„.

Победникот на „Пинкови ѕвездички“, шестогодишниот Љуба Станковиќ го освои регионот со својот талент за музика и својата харизма. Уште од првото појавување на сцената, многумина му предвидоа успешна кариера.

Малиот Љуба Станковиќ беше специјален гостин на српскиот пеач Саша Ковачевиќ, кој пред два дена одржа голем концерт во арената Борис Трајковски во Скопје.

Саша Ковачевиќ со овации и со вресоци беше пречекан Саша Ковачевиќ, на концертот во ВИП Арената во Скопје кој се одржа пред два дена.

Главно женската публика своите телефони ги имаше подготвено уште пред српскиот пејач да се појави на сцената, за да не пропушти да сними ниту еден детаљ од настапот на својот миленик за социјалните мрежи.

Девојките, очекувано полудеа по Саша, а тој им возвраќаше со познатата изрека на Тоше Проески: Ве сакам сите. „Не сум бил овде три години. Ајде да ја повториме таа журка од последниот концерт. Да биде уште подобра“, рече пејачот.

Саша Ковачевиќ е роден на 27 јули 1985 година во Земун, Белград. Средно училиште заврши на белградската Академија на уметности.

Негов прв јавен настап беше на Сунчане Скале 2004 со песната Пакао и рај. Во 2009 ја добива првата награда за дуетот со Емина Јаховиќ со песната Још ти се надам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.