Македонија
Вести
Малолетник извршил свирепо убиство, застрелувајќи го кучето Рекс со огнено оружје, во струмичкото село Муртино. За овој случај реагираа од „Анимал лаверс“ од Струмица.
Тие нагласуваат дека и полицијата потврдила за случката и дека случајот веќе му е предаден на Јавното обвинителство.
– Овој настан отвора сериозни прашања за безбедноста во општеството. Како е возможно малолетник да поседува и да ракува со огнено оружје? Дали во семејството на сторителот децата се учат да користат оружје? Дали надлежните институции ќе дозволат да помине ова злосторство неказнето? И каква порака испраќаме до идните генерации доколку останат ваквите случаи без соодветна правна разрешница? – прашуваат од граѓанската организација, пренесува Вечер.мк.
Тие очекуваат од надлежните органи итно да одговорат
дали некој од семејството на малолетникот поседува дозвола за оружје, кој вид оружје е користен во овој случај, дали е одземено оружјето и дали ќе следуваат санкции за негово незаконско поседување.
Од „Анимал лаверс“ бараат најстрога примена на законите за заштита на животните, одговорност од малолетникот и неговите родители, како и итна контрола и санкции за незаконско поседување оружје.
– Научните истражувања покажуваат дека насилството врз животни често претставува индикатор за идно насилничко однесување, вклучително и криминални дејства кон луѓето. Не смееме да дозволиме да останат ваквите инциденти без последици – децидни се од граѓанската организација.
Тие ги повикуваат сите граѓани да се подигне свеста и да бараат правда за Рекс.
– Ова не е само прашање на заштита на животните туку и на безбедноста на целото општество – заклучија од „Анимал лаверс“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести
Промоција
Тикер вести
You must be logged in to post a comment.