Редакцијата на магазин.мк со мал совет до премиерот Заев, кој денес ги измеша знамињата на Австрија и Латвија, пред претстојната посета на германската Канцеларка Меркел

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 септември, 2018 12:48

Мал совет за Заев, утре да не се срамите и пред Меркел

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Гафот кој наиде на огромно исмевање низ Македонија, и милионски твитови и ФБ постови, за неспособноста на протоколот на Владата на Македонија, да ги распознае разликите на знамињата на Австрија и Латвија, при денешната посета на Автрискиот Канцелар, Себастијан Курц, при што се интонираше химна на една земја, а се вееше знаме да сосема друга, како медиум ни дава обврска да ви помогнеме.

Знаме на Сојузна Република Германија. (за утре)

Имено како што е најавено, во проектот – поддршка на странски државници за реализација на успешен референдум за промена на името и негирање на постоењето на Македонската нација, што е кривично дело, како мешање на странски дипломати и државници во внатрешните работи на суверена држава, но и казнено по Кривичен законик како агитирање на странски државјани во процес на гласање, избори или референдумско изјаснување, утре ни доаѓа Меркел.

Ние решивме да ви помогнеме. 

Лево горе е знамето на Сојузна Република Германија, држава која е постара од Република Македонија 1 година и 6 месеци. Ангела Меркел е Канцеларка што е именител за функцијата премиер на Сојузна Република Германија. 

Знаме на Кралството Белгија. (не е за утре)

Знамето долу лево е на Кралството Белгија. Белгија има мешано општествено уредување. Таа е монархија со демократско владеење на народот т.е. парламентот.

Од Белгија никој утре нема да дојде во Република Македонија. 

Ве молиме информациите со сликовитиот приказ да ги испечатите на печатар во боја и истите да ги распределите низ сите ресорни министерства и Пи Ар служби.

За нашиот вложен труд и одвоено време да ви помогнеме да не ни ја срамите државата, нема да ви доставиме фактура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти од министерството за здравство, донесена е одлука за затворање на новиот експресен автопат што ги поврзува Охрид и Кичево и стопирање на сите што патуваат по него.

Нови мерки против Ковид 19: Затворен автопатот Охрид – Кичево

Министерството за транспорт и врски денес соопшти дека по долги консултации со експерти...

Одговорност од прв до последен за сите што си ги мереле со Рената мора да има. За никој да не се дрзне утре да си го мери со Радмила!

Костадинов: Мицкоски да каже кои ВМРОвци си го мереле со Рената Дескоска!

Борецот за правда и антикорупција, Костадин Костадинов Манулач, кого цел регион го...