Организатор на „Деновите на кочанскиот ориз" е Општина Кочани во соработка со Центарот за култура „Бели мугри", библиотеката „Искра" и фолклорните друштва од регионот.

Објавил: Сара Фемина | 28 септември, 2019 11:42

Манифестација “Денови на кочанскиот ориз” од 30 септември до 5 октомври!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кочани од 30 септември до 5 октомври ќе биде домаќин на дваесет и осмото издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз” со што се одбележува почетокот на жетвата на главната земјоделска култура во регионот.

Во програмата се предвидени повеќе културно-музички содржини, кои ќе бидат проследени со презентација на традиционалните жетвени обичаи и специјалитети од ориз.

Организатор на „Деновите на кочанскиот ориз” е Општина Кочани во соработка со Центарот за култура „Бели мугри”, библиотеката „Искра” и фолклорните друштва од регионот. 

– Манифестацијата ќе ја отвориме в понеделник со промоција на втората книга „Богатство запишано во времето” од Киро Герасимов, а во наредните денови од музичките содржини следуваат концертот на градскиот хор од Штип, детскиот фестивал „Музички бранови”, концертот на основното музичко училиште „Ристо Јуруков” и настапот на групата „Салса и пунто” од Куба. В четврток ќе ги промовираме четирите книги „Запишано фолклорно богатство од Кратовско” од м-р Драган Георгиевски, а следниот ден ќе се одржи Балканска поетска средба и промоција на „Книга за оризот” од авторите Оливера и Зоран Поповиќ од Србија, истакна Аспарух Михаилов од одделението за јавни дејности на Општина Кочани.

Завршницата на манифестацијата се најавува за 5 октомври со традиционалното рачно зажнејување на оризот, по што ќе бидат доделени наградите и признанијата за најдобрите земјоделски производители, ќе се одржи фолклорен концерт, а ќе бидат презентирани и традиционалните јадења од Кочанско. Вечерта е предвидена за македонски и светски евергрин мелодии во изведба на Девана Нардели и Огнен Здравковски со „Долче дуо”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Манифестации

За Дејвид Торн (20 часот) и Фред Фрит (22 ч.), ова ќе биде прв настап во рамките на Скопскиот џез фестивал.

Започна џез фестивалот во Скопје: „Омилениот“ гитарист на Дејвид Боуви го отвора 38. скопски џез фестивал!

Од вечерва 17- октомври па па се до 20-ти октомври, ќе се одржи 38-то издание на еден од нашите...

Октоберфест е шеснаесетдневен фестивал којшто се одржува секоја година во Минхен , Германија почнувајќи од крајот на септември до почетокот на октомври.

ЗАПОЧНА ПИВСКО ЛУДИЛО ВО ГЕРМАНИЈА: Во Минхен отворен 186. Октоберфест!

Во германскиот град Минхен вчера започна 186. Октоберфест. Октоберфест е шеснаесетдневен...

Најексклузивните и најквалитетните вина на оваа винарница ќе се служат на свечениот ручек што ќе се организира во чест на папата.

Папата Франциск на свечениот ручек ќе пие Македонско вино. Еве за кое станува збор !

За време на посетата во Скопје, на Папата Франциск ќе му бидат послужени македонски...