
Македонија
Вести
„Ќе имаме протоколи, не само за денот на гласањето, туку и за изборната кампања. Протоколите веќе се изготвени. Веќе најавивиме дека кампањата ќе се одвива преку медиумите, преку социјалните мрежи, без големи собири, односно поиндиректно.
Ќе имаме подолго време за гласање во текот на денот, два дена претходно ќе има гласање за гласачите кои нема да можат да гласаат во средата. Преземени се предвид сите ограничувња и ќе мора да почитуваат мерките, секој со свое пенкало, дезинфекција и одржување на редот. Многу држави имаат вакви протоколи за избори, ова е новата реалност и мораме да се навикнеме.“- изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Дамјан Манчевски, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма зборуваше за изборниот процес и за измислените услови на ВМРО ДПМНЕ кои воопшто не биле издржани.
Одговорноста за целиот процес е кај сите институции, но за ваквиот резултат околу пандемијата вина имаат и верските заедници.
Дел од верските заедници ни се обраќаа со дописи дека тие ќе го направат тоа што го сакаат, па владата нека прави што сака. Во дописите стоеше дека вратите на верските објекти ќе останат отворени и дека верниците може слободно да доаѓаат. И тогаш министерот Чулев реши да не казнува. Да имаше собрание Чулев ќе беше разрешен одамна, но немаме систем како да го направиме тоа. Инаку, кога полицијата ви вели јавно нема да казнува, тогаш рацете на институциите се врзани, и затоа ваква влада не може да опстои понатаму.
Врзани ни се рацете затоа што немаме парламент. Затоа зборувавме за избори цело време.“- рече Манчевски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.