
Живот
Интервју
-Сега институциите на системот функционираат. Главен проблем кај медиумите е ширење на лажни вести, зашто МИОА е министерство кое треба да штити од лажни вести, истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и министер во МИОА во емисијата „Само Вистина” на Канал 5 телевизија.
Манчевски ја посочи новата алатка за вработените во јавниот сектор со која ќе можат да пријавуваат прекршување на законите односно биле под некаков политички притисок.
-Наводот дека Катастарот е во мрак е тотално неточна , напротив работеле дежурните шалтери, а за вработените во училиштето во Куманово, тоа е училиште кое работи само прва смена- рече Манчевски.
-Не смееме да дозволиме повторување на минатото, треба да бидеме конкретни со конкретни случаи и институции, а не слепо да веруваме и се потпираме на лажни и непроверени информации пласирани на некои портали.-истакна Манчевски.
За разлика од порано денес судовите носат пресуди, вели Манчевски, доколку е прекршен законот и повредено правото на вработените има правна завршница, во врска со наводите на прекршување на правата од законот за работни односи во некои одредени случаи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.