Министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека најголемиот број на новозаразени доаѓаат од литијата во Струга и ифтарските вечери!
Оваа Влада добро се справи со Ковид 19, а секако дека клучно ни беше дневното информирање кое го правеа здравствените работници, а клучна улога одиграа и медиумите во пренесување на мерките кои треба да се почитуваат, вели Манчевски!
Меѓу првите воведовме рестрикции, препораки. Од друга страна, МВР – конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува.
А знаеме дека новозаразените луѓе доаѓаат од литијата во Струга, ифтарските вечери, прославата на полицијата, а немаме инфо дека е превземено било што, дали внатрешната контрола постапува, немаме изречени санкции, рече Манчевски.
Ако сакаме намалување на рестрикциите, мора да се почитуваат препораките, изјави, во гостување на ТВ 24, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, соопштувајќи дека, во текот на утрешниот ден, владата ќе донесе одлука каков полициски час ќе има викендов.
„Се прават консултации, ние ги следиме експертските мислења. Ќе мора да одиме кон олабавување на мерките, но тоа значи почитување на другите нерестриктивни мерки. Но, тие мерки не се почитуваат, не се носат маски, не се почитува растојание …“
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.