Македонија
Вести
По откривањето на писмо на поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија, упатено во знак на поддршка на кралот на Саудиска Арабија во врска со убиството на новинар во нивниот конзулат во Истанбул, реакции и од новинарската фела.
Скандалозна е поддршката на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, кој во име на Исламската верска заедница и сите муслимани од Македонија ги поддржува кралот и кралското семејство на Саудиска Арабија во случајот со свирепото убиство на новинарот Џамал Кашоги, велат од Македонската асоцијација на новинарите (МАН).
Против свирепото убиство на саудискиот новинар Џамал Кашоги се крена целиот демократски свет и го осудија сите новинарски здруженија и асоцијации во светот.
Поглавар на која било верска заедница во ниеден случај не смее да релативизира ничие убиство, а најмалку свирепо убиство на новинар, мачна смрт што со денови беше криена токму од саудиското кралско семејство.
Сулејман Реџепи се стави на спротивната страна од целиот демократски свет и не го осуди убиството. – се наведува во реакцијата на МАН.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.