На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на претседателот на Србија Александар Вучиќ, додаваат, ни одобри вакцинација и ревакцинација за 100 лица!

Објавил: Перо Милчин | 21 март, 2021 19:53

МАН: Целосно е пополнета квотата за вакцинација на 100 медиумски работници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пополнета е квотата од 100 лица за доброволна вакцинација против вирусот Ковид-19 со вакцината АстраЗенека која е закажана за вторник 23 март 2021 година, во Врање, Република Србија, информира Македонската асоцијација на новинари МАН.

Сто (100) медиумски работници доброволно се пријавија на повикот на МАН да се заштитат со вакцинација против вирусот Ковид-19 и сите пријавени добија повратни email потврди дека се регистрирани за вакцинација. Деталите за организираниот автобуски превоз (време и место на поаѓање и враќање од Скопје до Врање и назад) официјално ќе ги доставиме утре претпладне, велат од МАН.

На барање на МАН, Здружението на новинари на Србија преку кабинетот на претседателот на Србија Александар Вучиќ, додаваат, ни одобри вакцинација и ревакцинација за 100 лица!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Мизрахи: Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно, заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен

Мизрахи до Филипче: Заглавен сте до гуша со скандалот Онкологија

Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател...