Според министерот сега е вистинскиот момент да се интензивира овој процес со цел да го фатиме приклучокот со развиените европски земји.

Објавил: Перо Милчин | 12 февруари, 2021 20:52

Маричиќ: Интензивно работиме на дигитализацијата на судството

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кога ја преземав функцијата министер за правда кажав дека воведувањето на информатичката технологија во работењето на судовите ќе мора да се случи. И тоа не само заради држењето чекор со трендовите, туку затоа што на тој начин ќе обезбедиме поголема ефикасност и транспарентност во судските постапки, а со тоа и ќе се олесни пристапот до правдата за граѓаните и ќе се придонесе кон поголема доверба во функционалноста на системот. За сето ова потребни се законски измени, технички предуслови како што е опремувањето на судниците за онлајн судења, односно финансиски средства, и секако – респонзивност на правосудниот систем да го направи овој технолошки скок“, истакна Маричиќ.

Според министерот сега е вистинскиот момент да се интензивира овој процес со цел да го фатиме приклучокот со развиените европски земји.

„Сметам дека работиме навремено, за што говори и фактот што Европската комисија на 2 декември минатата година ја усвои Комуникацијата за дигитална правда во ЕУ, чија цел е токму да се осигури дека правдата исто така се движи напред во склад со дигиталното време. И на ниво на ЕУ се работи на развој на нова алатка за дигитална правда, која опфаќа целокупна рамка за законодавни, финансиски и ИТ активности за поддршка на дигиталните транзиции на земјите членки“, кажа министерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.