Барањата за екстрадиција, како што додава, се постапки со странски држави кои секогаш го имаат последниот збор во поглед на екстрадицијата.

Објавил: Перо Милчин | 4 јануари, 2021 22:25

МАРИЧИЌ: Не се откажуваме од екстрадиција на Груевски, до пролет и 10 судници за онлајн судења

Фото/Текст извор: ©денешен

До крајот на март ќе бидат опремени 10 судници во пет основни суда во земјата за одржување онлајн судења, најави министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за МИА.

– Мора да ги користиме придобивките на модерната технологија доколку сакаме да сме во тек со современите текови. Веќе знаете дека судот во Кавадарци одржа онлајн рочиште, а тоа треба да ни биде и мотив дека тоа е можно и во Северна Македонија, вели Маричиќ.

Посочува дека како Министерство ја отвориле темата за онлајн судења и дигитализација на судството од самиот почеток на пандемијата.

 Прашањето за дигитализација не е дали, туку кога, а пандемијата е само своевиден катализатор на потребата од овој процес, додава министерот за правда.

Во 2021 година, како што истакнува Маричиќ, ќе се интензивира работата на внесување на потребните одредби во законските решенија, а дополнително ќе се работи на обезбедување на потребната опрема и кадар за непречено одвивање на процесот. Интервјуто МИА ќе го објави во целост подоцна во текот на денов.

Од екстрадицијата на Груевски не се откажуваме

Државата презема сè што е во нејзина моќ да добие екстрадиција на Никола Груевски назад во земјата.

Од екстрадицијата не се откажуваме и ќе продолжиме активно да работиме со цел враќање на Груевски дома, вели Маричиќ во интервју за МИА.

Државата, како што истакнува Маричиќ, не е лимитирана во однос на тоа колку пати може да побара на екстрадиција на лицата кои се во бегство.

Одлуката на Уставниот суд да ја прогласи за уставна одлуката за повлекување на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов е нов момент во овие случаи. За поранешниот премиер досега се поднесени две барања за екстрадиција, едно на 20.11.2018 година и друго на 13.6.2019 година. Од екстрадицијата не се откажуваме и ќе продолжиме активно да работиме со цел враќање на Груевски дома, вели Маричиќ.

Државата презема сè што е во нејзина моќ да добие екстрадиција на Никола Груевски назад во земјата.

Барањата за екстрадиција, како што додава, се постапки со странски држави кои секогаш го имаат последниот збор во поглед на екстрадицијата.

Одговорите или причините за одбивање се секогаш различни – некогаш сторителот не може да биде лоциран, некогаш се одлучува да не се екстрадира, некогаш постапката продолжува и се бараат дополнителни материјали. Наше е никогаш да не се откажеме да го исполниме барањето на правосудните органи сторителите на кривични дела да бидат донесени во Северна Македонија и сме во постојана комуникација за сите предмети кои се во тек, истакнува министерот за правда во интервјуто за МИА, кое наскоро ќе биде објавено во целост!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Силјановска, како второ укажа, дека скратена постапка, секогаш кога се работи за финансии не може скратена постапка, бидејќи значи сложеност и треба да се разгледа каде ќе одат парите, а станува збор за пари од граѓаните со кои располагаат локалните власти.

Силјановска: Измените на Законот за финансирање на единиците за локалната самоуправа може да се оквалификуваат како квази закон

Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната собраниска расправа...

Мицкоски додаде дека имајќи во предвид дека сите држави во околинава го одложија пописот, требаше да власта да биде барем малку паметна и да го одложи овој попис. Мицкоски исто така апелираше до меѓународната заедница да ја вразуми власта, бидејќи власта не ги слуша граѓаните и опозицијата.

Мицкоски: Скандал е што партиски луѓе ќе спроведуваат државен попис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчерашната средба со здравствените...

ЛДП инаку, вчера соопшти дека донесе одлука за самотојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски, но и дека таа одлука датира од август минатата година, а дека не била реализирана од „објективни причини”.

Трајанов: Одлуката на ЛДП е исправна – и другите партии ќе се двоиме

Мислам дека одлуката на Либерално – демократската партија е исправна и дека полека...