По носењето на Законот и објавувањето на методологијата сите одговорни за организацијата на пописот, интензивно работат со цел успешно спроведување на статистичката операција која има суштинско значење за развојот на државата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 февруари, 2021 17:30

Маричиќ пред амбасадорите на ЕУ: Државата интензивно работи на пописот и реформите во правосудството

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за правда Бојан Маричиќ, заедно со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и заменик директорот Илми Селами, одржаа состанок со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава, а се разговараше за подготовката за спроведување на пописот.

По носењето на Законот и објавувањето на методологијата сите одговорни за организацијата на пописот, интензивно работат со цел успешно спроведување на статистичката операција која има суштинско значење за развојот на државата.

Последниот попис во Македонија се одржа во 2002 година. Имавме и неуспешен и скап обид за попис во 2011 година. Нашата земја една од ретките во светот која е без попис цели 19 години. Ова се дел од причините зошто е потребен пописот во Северна Македонија, секако почитувајќи ги сите здравствени протоколи со цел да се заштити здравјето на нашите граѓани. Веќе имаме едно слично искуство со успешно организирање на предвремените парламентарни избори во услови на пандемија, истакна Маричиќ.

Инаку, министерот Маричиќ на ЕУ амбасадорите им ги презентираше и бројните реформи во судството со акцент на интерниот план за проверка на работата во судството и дигитализацијата.

Токму за воведувањето на информатичката технологија во работата на судовите е најавена поддршка од неколку ЕУ држави, за што министерот се заблагодари и кажа дека нивното искуство за овој процес е од големо значење за државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...