
Македонија
Инстаграм
Од каде е Вашата љубов кон музиката? Дали имате музичари во семејството?
-Од мала пеам, сакам да свирам. За прв пат на 4 години ја испеав мојата прва песничка ,,Моето кукле,, на детскиот фестивал Поточиња и после таа песна следеа другите мои песнички на другите детски фестивали Златно славејче, Поточиња, Јо Јо, Ѕвездички. Мојата љубов кон музиката можеби е вродена, затоа што во мојата поширока фамилија можам слободно да набројам повеќе музичари почнувајќи од дедо ми, вујко ми, тетка ми, но јас едноставно уживам кога пеам, кога свирам. Јас ја сакам уметноста.
Дали во Македонија гледаш вистинска музичка естрада во која можеш и ти да дадеш некаков придонес или својата шанса ќе ја бараш во подалечни простори?
-Да. Јас се уште сум мала и моето место е во мојот дом, во мојата земја. Каде и да одам ја претставувам својата земја, го носам македонското знаме. Сакам да дадам придонес за македонската уметност, за македонската естрада. Мојот идол од македонската естрада по однос на вокалот, изведбите, песните е Калиопи и покрај тоа што повеќе учам од странските поп ѕвезди. Е сега дали шансата ќе ја барам подалеку од Македонија е прашање на време. Само што завршив седмо одделение, значи треба да завршам деветолетка, потоа средно, па понатаму ќе видиме. Значи секако треба да пораснам за да знам како ќе се одвиваат сите перспективи.
На кои други јазици, освен македонскиот, би сакала да пееш песни?
-Најмногу учам и пеам песни на англиски, но во последно време се трудам да научам песни на шпански. Почнаа се повеќе да ме импресионираат песните на шпански јазик. Зборувам англиски, учам германски и заради интересот за шпански песни ќе морам да го поднаучам и шпанскиот јазик.
Дали имаш свој музички идол?
-Да. За Калиопи веќе си кажав. Но тука се и странските поп ѕвезди кои ги сакам:Beyonce, Adelle, Shakira.
Кој тип на музика знае да те орасполажи и да те разигра?
-Најчесто странска поп музика со брз ритам, но и македонската поп музика од нашите пеачи.
Дали имаш желба и самата да пишуваш музика и песни?
-Да. Секако. Веќе се обидувам да направам нешто. Составувам текстови, а потоа си ги поптпевнувам. На пример за мојата песна ,,Играј со срце,, дејствував со додавање или одземање на некој збор во текстот, исто така направив и музичка модулација за да пополнам празнина ….
Дали би сакала да снимиш дует со некој?
-Не сум размислувала. Но, зошто да не.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.