Професорот Марковски истакна дека во ова време сега, ќе биде многу лошо ако сите инфекции ги ставаме во „кошот“ на ковид.

Објавил: Владо Марин | 24 октомври, 2020 8:54

Марковски: Позитивен тест на коронавирус без симптоми не е болест

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Професорот Вело Марковски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека носењето на маска на отворено е штетно!

– Исфрламе милијарда микроорганизми со кивање. Сега ние одеднаш правиме нова состојба. Не дозволуваме да излезат од нашето тело, и цело време ги вдишуваме. Да не зборуваме дека белите дробови се главниот контролор на ПХ на крвта. Сега и тоа го компромитираме.

Имаме проблем со децата. Ајде кога возрасен не може да диши, ќе ја трне маската, ама детето не може, и тука настанува проблем. Така да, носење на маска е штетно. На отворено зборувам – рече Марковски.

Тој смета дека има различно лекување доколку имате лесни, тешки и најтешки симптоми.

– Ако е чисто ковид, мора да се оди симптоматски. Да не се оди со лекови за кашлање, за искашлување. Ако пациентот има само лесни симтоми, доволно е само витамини, мирување, чаеви… Ако е компликација бактериска, да се види која бактерија е, и да се лекува бактеријата. Ако падне во тешка состојба. Доколку стигне до интензивна нега, тогаш треба да е оцени кое време се ставаат на респиратор – рече Марковски.

Позитивен тест на коронавирус без симптоми не е болест. Ова го кажа проф. д-р Вело Марковски во гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21. Тој даде објаснување што значи и како реагира телото кога има болест, и дека позитивен тест не е болест, туку може само да е инфекција.

 ПЦР технологија открива секвенции на вирусот, не жив вирус, затоа не мора да значи болест. Но, вирусот може и да постои. Кога ќе навлезе, тоа е инфекција, и таа може да се докаже со серолошки тестови. Не мора пациентот да има симптоми, а кога ќе има симптоми, тогаш е болест – објасни Марковски!

Марковски објасни како да се разликува коронавирусот од обичен грип.

– Треба да ги разликува науката, но не само кај нас, туку во речиси држави нема некоја силна инфектологија, и не се вклучени луѓето кои се најстручни во горнореспираторни инфекции. Најголемиот проблем сега ќе прави грипот и обичната настинка. Аденовирусите се најпрви на листата, па доаѓаат риновирусите, а коронавирусот се четврти на листата. Над 200 риновируси даваат обична настанка. Нормално е во сезоната да имаме 3-4 епидемии со риновируси и аденовируси. Риновирусот на пример нема температура и не бара отсуство од работа – рече Марковски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.