Марко го минува Пештани и плива кон првата цел од соло маратонот Св. Наум..

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 август, 2019 22:11

Марко плива кон Св. Наум- малиот херој се бори со ветрот и бранот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Младиот тринаесет годишен херој од Охрид Марко Пејчиновски веќе ги исплива првите 8 километри Марко за 2 часа и 49 минути, од вкупно 64 километри, пишува Охриднуз.

Малиот Марко храбро се бори со брановите кои ги предизвикува силниот ветер…

Марко го минува Пештани и плива кон првата цел од соло маратонот Св. Наум..

Вечерта донесе бранови и ветер кој му го отежнуваат пливањето на младиот борец Марко.

На почетокот времето му послужи на Марко, но ветрот кој сега дува од јужен правец со брзина од 9 км/час му го отежнува пливањето.

Како што е познато Марко ќе се обиде да го исплива таканаречениот триаголник Охрид – Св. Наум – Струга – Охрид, а подвигот го посветува на лицата со ретки болести.

Малиот Марко со маратонот започна во 15 часот со старт од Градското пристаниште во Охрид. Предвидено е кружната патека преку езерото да ја заокружи утревечер на истото место.

Минатата година истиот Марко, успеа да се вброи во листата на легендите на пливачкиот маратон откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач, кој ја препливал таа делница. Инаку Марко и самиот се соочува со здравствени проблеми, односно има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

За престојниот маратон Марко и неговиот тим изработија и маички во бела и црна боја што се продаваат по цена од 300 денари, а целиот приход собран од продажбата е наменет за помош на лицата со ретки болести.

За минатогодишниот подвиг Марко ја доби Свети Климентовата повелба – највисоко признание што го доделува Општина Охрид, како и „Златна Буба Мара на популарноста“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април во Собранието во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Позадината на нередите на 27 Април, кој беше креаторот и зошто?

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април...

Сите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Денеска почнува судењето за „27 април“- организаторите на „Крвавиот четврток“ пред Кривичниот суд

Денеска по три години започнува судењето за организаторите на насилствата од 27 април...

Она што беше забележливо е што додека траела полициската акција на социјалните мрежи веќе се појавија информации дека е во тек полициска рација во Сарај и дека целта е наоѓање на кокаин. Веднаш потоа се појавија информации во провладини медиуми за фатен 1.3 тон кокаин, за да подоцна набилданите очекувања спласнат со помало количество. Многу реално за очекување е дека акцијата била пробиена и некој намерно создавал погрешна перцепција во јавноста, пишува Нетпрес.

Нетпрес: Славјанка Петровска ги довела во прашање животите на полицајците во акцијата во Крушопек?

Обвинувањата на советникот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ, дека министерот за внатрешни...