Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Објавил: admin@magazin | 10 декември, 2022 18:45

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Фото/Текст извор: ©360 степени/магазин.мк

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија!

Репрезентацијата на Марково приреди вистинска сензација на Светското првентство во Катар откако вечерва ја победи Португалија во четвртфиналето со резултат 1 -0 и стана првата африканска репрезентација во историјата која ќе игра полуфинале на Светско првенство.

Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.  

з

Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.

Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.