Мартинката се става на 1 март, односно на почетокот на месецот и се носи до крајот. Се верува дека носи среќа, здравје и бериќет

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 март, 2019 10:50

Мартинка – симбол на здравје,среќа и бериќет

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Многумина веруваат дека март е месецот кога се случуваат нови убави нешта, токму поради доаѓањето на пролетта. На 1. Март се прави и подарува Мартинка, изработена од волнено или памучно предиво во 2 основни бои — бела и црвена.

Мартинката се става на 1 март, односно на почетокот на месецот и се носи до крајот. Се верува дека носи среќа, здравје и бериќет. Инаку таа е симбол на древно – македонскиот празник Ксантика е мартинката, црвено-белата нишка

Традицијата вели уште дека среќа носи таа мартинка која ти е подарена. Затоа сите си даваат мартинки (роднини и пријатели) и досега. 

Според стара традиција најстарата жена во семејството треба врзува мартинки на рацете на децата за здравје и против уроци.

Во некои краишта на Бугарија со мартинки се китат и домашните животни. Понекогаш мартинката се пушта во најблиската река “за да оди, како тече реката”.

Во Бугарија,Шоплукот и Мелничко наместо бел конец во мартинката се вплетува син конец , а во Родопите се ставаат уште неколку бои.

Црвената и белата боја кои се основни за правење на мартинката секако имаат и своја симболика: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа. 

Mартинките се прават на тој начин, што се усукуваат две нишки од црвен и бел конец или волнена преѓа и така усукани се ставаат, најчесто околу раката.

Мартинките се носат до појавата на првото процветано дрво и се врзуваат на него замислувајќи желба.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Ексклузивниот ресторан Камник е популарен по дивечот кој го имаат на менито, како што е гулаш од срна, колбаси од мечка а и добри вина од нивната приватна винарија.

ФОТО: Гулаш од срна или колбаси од мечка. Што ќе јадат Заев и Вучиќ во Камник?

По примопредавањето на вакцините на граничниот премин Табановце Зоран Заев и Александар...

Тој пред десет години се раздели од Адријана Алачки со која има две деца. Последниве шест години е во врска со новинарката Маријна Дојчиновска, познато лице од ТВ екраните.

Љубовта на Алачки: Марина за првпат проговори околу нивната врска

Горан Алачки е познат како музичар кој македонската музика ја промовира насекаде низ...

Тој ја сподели убавата вест на социјалните мрежи и го покажа златниот прстен со дијамант со кој ја запросил саканата, со емотивна порака.

Со златен прстен со дијамант Костадин ја запроси девојката

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов ја запроси својата девојка Марија...