Македонија
Култура
Националната установа за народни игри и песни ансамбл „Танец“ добива нов директор.
Како најсериозен кандидат за оваа функција се споменува музичарот и перкусионист Мартин Вучиќ. Мартин потврдува дека постои можност да застане на чело на институцијата, но додава дека се уште е рано да се коментира на темава зашто ништо не е дефинитивно.
– Јас се пријавив на конкурсот, но резултатите ќе се знаат од понеделник. Министерството ќе ги соопшти, па рано е да коментирам било што – изјави Вучиќ.
Триесет и шест годишниот Вучиќ се занимава со музика уште од најрана возраст. Тој е во музичко семејство, син е на музичарот и ТВ водител Драган Вучиќ и на Весна, ќерка на легендарниот Пеце Атанасовски, изведувач, аранжер и композитор на македонски фолклорни песни.
Интересно е што двајцата дедовци на Мартин своевремени биле дел од овој Ансамбл. Пеце Атанасовски е еден од доајените на „Танец“, кој бил кореограф и играорец и Милорад Вучиќ, кој 15 години бил шеф на оркестарот на „Танец“.
Тој ја претставуваше Македонија на Евровизија во Киев во 2005 година, сними повеќе хитови, а денес е дел од Македонската Филхармонија.
Околу веста дека Вучиќ е можниот нов директор на националниот ансамбл, повеќето вработени во „Танец“ коментираат дека станува збор за компетентна личност, со одлично музичко познавање и искуство, но и соодветно образование. Според нив, токму личност од неговиот калибар е она што и потребно на институцијата која ги претставува традицијата и фолклорот на нашата земја.
Лани „Танец“ се најде во центарот на вниманието на јавноста, кога беше сменет директорот Зоран Џорлев и за в.д. директор беше поставен Стојанче Павловски. Вработени во институцијата реагираа дека Павловски е човек со средно градежно училиште и не е вистинската личност за функцијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Култура
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.