Законското решение е застарено во поглед на неевидентираните лица и истиот е потребно дополнително да се усогласи со Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени кој што е донесен во 2020 година.

Објавил: Перо Милчин | 23 март, 2022 7:39

Мартовските пензии со дополнителните 1000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата на Република Македонија на 32 седница донесе одлука да го повлече предлогот на Законот за матична евиденција од собраниска покрената иницијатива за измени и дополнувања.

Оваа одлука е донесена поради доусогласување со Закон за матична евиденција со реформираниот систем на регистрација на новородени деца со оглед на фактот што законските одредби се застарени и не одговараат на реалната состојба со која се соочува нашиот правен систем.

Од друга страна, законското решение е застарено во поглед на неевидентираните лица и истиот е потребно дополнително да се усогласи со Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени кој што е донесен во 2020 година.

Законското решение со кое се уредува системот на евиденција во матичните книги на родени, венчани и умрени треба се усогласи и со процесот на дигитализација и интероперабилност.

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници.

Основната цел на предложеното законско решение е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, како и обезбедување континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Владата денеска го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година.

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои им престанал работниот однос во текот на кризата предизвикана поради пандемијата со КОВИД-19, односно од 11.03.2020 година.

Оперативниот план за вработување е предвидено да опфати 14.685 лица, а за програмите, мерките и услугите за вработување се предвидени повеќе од 1,8 милијарди денари.

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата, и донесе одлука за одобрување на влез и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Swift Response – 22“.

Со оваа одлука Владата ги задолжи надлежните институции да преземат мерки за непречено преминување на државната граница на повеќе од 850 воени и цивилни моторни возила, 8 авиони, 24 хеликоптери, 5 беспилотни летала, вооружување, муниција, опрема и материјално-технички средства на вооружените сили на странските држави, на територијата на Република Северна Македонија.

Вежбата „Swift Response – 22“ е дел од вежбата „DEFENDER EUROPE 22“, со учество на поголем број припадници на армиите од НАТО Алијансата и Партнерството за мир, и ќе се изведува истовремено на 5 локации низ Европа.

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2022 година, и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.03.2022 година, а на деловните банки им препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2022 година.

Деловните банки, преку своите филијали и експозитури ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата, и тоа:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2022 година (вторник);

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2022 година (среда);

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2022 година (четврток) и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2022 година (петок).

Во пензиите за месец март се вклучени првите 1.000 денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и мајската пензија.

На денешната седница Владата ја усвои информација со која ги задолжи институциите од државната управа, најдоцна до 25 март, на разбирлив и прегледен начин да ги ажурираат услугите што секоја од институциите им ги нуди на граѓаните и кои што се опфатени со Каталогот на услуги и на Националниот портал за електронски услуги. 

На оваа седница беше разгледана и усвоена и Информацијата за примена на законска одредба од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, и го задолжи Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија во рок од 15 дена, да изготви образец за биографски податоци кој институциите ќе го доставуваат при доставување предлози за избор и именување на лица до Владата на Република Северна Македонија и кој потоа ќе биде доставен до Државната комисија за спречување на корупција заради внесување во Регистарот за избрани и именувани лица.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за млади и спорт и Министерство за млади и спорт на Република Бугарија за соработка од областа на младите и спортот.

Целта на овој меморандум е дополнително зајакнување на блиските односи меѓу двете земји преку унапредување на соработката меѓу младите и во областа на спортот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Денеска може да се подигнат пензиите чиј износ е до 11.000 денари, утре пензиите во износ од 11.001 до 14.000 денари. Исплатата на пензиите од 14.001 до 18.000 денари ќе биде на 1 септември, а наредниот ден – пензиите повисоки од 18.001 денари.

Пензионерите на чија сметка легнуваат пензиите, а имаат платежна картичка со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат пари да подигнат од банкомат, со картичката да купуваат во трговската мрежа и електронски да плаќаат сметки

Министерството апелира до пензионерите да си го знаат распоредот за исплата, со цел да не се создаваат редици пред банките.

Започнува етапната исплата на августовските пензии

Од денеска па до 2 септември етапно ќе се врши исплата на августовските пензии во банките,...

Храната, пак, поскапела за 21%, сметките за комуналии и трошоците за горива биле повисоки за 9,4%, додека рестораните и хотелите ги зголемиле цените за 12,3%.

РЕКОРДНА ИНФЛАЦИЈА ВО ЈУНИ ОД 14,5 ОТСТО Храната и транспортот најмногу поскапеа

Кај храната, најголем пораст на цената е забележан кај маслото за јадење од дури 51%....

Според него, иако сме на средина на 2022 година, искористени се 70 отсто од квотите на работници кои доаѓаат од странски земји кои сакаат да работат во Македонија.

Странските државјани се заинтересирани да работат во Македонија, вели Бектеши

Странските државјани се заинтересирани да работат во Македонија. Ова го вели министерот...