Според сегашните и подолгорочни анализи на времето, месец март ќе изненадува и ќе биде доста променлив.

Објавил: Стојче Бушин | 2 март, 2021 7:24

МАРТ ЌЕ ИЗНЕНАДУВА СО ВРЕМЕТО – ДАЛИ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПОВТОРНО СНЕГ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако климатолошката пролет започна вчера сепак сеуште сме календарски зима. Во продолжение следува месечната временска прогноза за овој месец:

Според сегашните  и подолгорочни анализи на времето, месец март ќе изненадува и ќе биде доста променлив.

Имено се очекуваат повремени влажни воздушни бранови и циклонски циркулации кој ќе условуваат врнеживо и постудено време.

Не се исклучува можноста и за нови зимски продори на студена воздушна маса која би се спуштала од Сибир и би условила нови врнежи од снег, како на повисоките па така и на пониските места и тоа особено после 10ти март.

Сепак со оглед на тоа дека одиме кон топлиот месец од годината, се очекуваат и повремени продори од југ кој би ги покачиле температурите позначително со што би имале и пролетни температури во текот на овој месец.

Ситуацијата континуирано ќе се следи – за секоја ново – настаната временска состојба граѓаните навремено ќе бидат информирани, што значи дека граѓаните да ги следат нашите краткорочни анализи за прецизни информации.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во попладневните часови локално ќе има нешто повеќе облачност кога ќе има услови за локален краткотраен слаб дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

ОД УТРЕ НАВЕЧЕР НОВ ВЛАЖЕН БРАН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА – ДЕТАЛИ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе...