На судиите, обвинителите и на поротниците им рече да се ослободат и дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не им можат ништо.

Објавил: Перо Милчин | 18 февруари, 2020 7:09

“МАРШОТ ЗА ПРАВДА” ГО ПРЕДВОДЕШЕ ЗАЕВ: Ние го ослободивме судството, ама бурно го следиме

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Под мотото „Чекориме за правда за сите“ СДСМ вчера маршираше од Собранието кон Кривичниот суд.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера од пред Судот порача дека сега на ред е судството и ги повика судиите и обвинителите да си преземат одговорност. Тој рече дека сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки.

На обвинетите ќе им се суди врз база на докази. Нема амнестија ниту за стари, ниту за нови случаи. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Нашиот народ е жеден за правда, за брза и ефикасна правда“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од пред судовите во Скопје, на „Маршот за правда“ којшто вечерва го организираше партијата.

„Вие граѓаните со право сте незадоволни од правниот систем. И јас како индивидуа, но и сите ние во СДСМ не сме задоволни од испорачаното во однос на правната држава, затоа решивме дека ни е потребно правосудство кое ќе ја носи правдата, а правосудство кое што застарува предмети.

Можеше да има и побрза правда, ама требаше Заев да се јавува по телефони за да наредува пресуди. За тоа ли се боревме? Се боревме против политичари кои се јавуваа и нарачуваа пресуди. Ние го ослободивме судството и да знаат тие судиите и обвинителите дека го ослободивме судството, ама будно го следиме“, кажа Заев.

На судиите, обвинителите и на поротниците им рече да се ослободат и дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не им можат ништо.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 јули 2020 година до 31 јули 2020 година”.

Грција ја продолжи забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со Македонија до 31 јули

Грција го продолжи до 31 јули 2020 година привременото ограничување на сите авионски,...

Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети

Виз Ер ги суспендираше летовите помеѓу Италија и Република Македонија

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави дека како резултат на рестрикциите...

Таа формација може да изгледа како флуидна и предизборна, но како и да е комоцијата со која ДУИ владееше сега ќе ја нема, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил и додаде дека несомнено е дека Заев ќе ја составува владата, без условот на ДУИ -Албанец премиер.

Ѓунер Исмаил: Заев ќе формира Влада, без условот за Албанец премиер (ВИДЕО)

Јасно е дека СДСМ продолжува понатака со свесно платена скапа цена за тоа што мораше...

Но она што можеше да се забележи на веб страната во текот на изборната вечер, беше  фотографијата со пораката на „Анонимуси“ по хакирањето на агрегаторот.

Се огласија хакерите кои го нападнаа сајтот на ДИК: Ова е пораката која ја испратија!

По синоќешниот хакерски напад на веб- страната на Државната изборна комисија сајтот...